Сѐ се случува со причина, само треба да бидете свесни за тоа

Сѐ се случува со причина, само треба да бидете свесни за тоа

Познатиот грчки филозоф Аристотел верувал дека секогаш сѐ се случува со причина. Секое искуство во животот го доживуваме со цел да се развиваме и да се претвориме во најдобрата верзија од себе, верзија за која никогаш не сме биле свесни дека постои. Единствената работа која нѐ спречува во таа реализација е недостатокот на свесност и мудрост да го согледаме причинско последичниот тек на нештата. Затоа, не смееме да го заборавиме тоа во неколку клучни моменти од нашиот живот…

Се се случува со причина, само треба да станете свесни за тоа

Во време на борба

Секое негативно искуство, секогаш кога треба да се борите против или за нешто, може да се смета како можност за развој. Исто како кога гасениците мораат да излезат од нивниот кожурец. Кога нивното обликување и менување е завршено, тие преку метаморфоза се претвораат во величествени пеперутки. Пеперутката ја отфрлила нејзината поранешна форма и полетала на крилјата на нејзиниот нов живот и нов начин на постоење.

Во време на оздравување

На некои луѓе им е тешко да поверуваат дека сѐ се случува со причина, особено кога се соочуваат со болка или некоја загуба. Во такви моменти, може да биде многу тешко да се најде доброто во трагичните настани затоа што единственото чувство кое преовладува е болката. Но, и од најтешките искуства во животот се стекнува мудрост и се развива нова сила. Без загубите, не би биле благодарни за добивките. Без тагата, не би биле благодарни за среќните моменти. Без смртта, не би го ценеле животот. Без стравот, не би знаеле да ја цениме љубовта.

Во време на хаос

Вистинскиот хаос не може да биде хаос, доколку постои можност за избор. Работите кои се појавуваат може да делуваат сомнително, поради што ги сметате за чиста случајност, но како што веќе знаеме, изгледот лаже. На нив може да се гледа како случајни настани без поврзаност, но во очите на мудриот набљудувач, тие настани ќе имаат цел и смисла.

Во време на рефлексија

Во овој момент, парчињата од сложувалката почнуваат да се вклопуваат и секое од нив открива дел од една прекрасна слика. Болката, борбата, победата и неуспехот, сите тие се важни градежни материјали кои служат за да нѐ оформат онакви какви што сме денес, токму во овој момент.

Се се случува со причина, само треба да станете свесни за тоа

Во време на среќа

Кога ќе дојдеме до одредена точка во животот, по сите борби, конечно ќе бидеме способни да ја согледаме мудроста зад сите избори кои потсвесно сме ги направиле. Кристалната јасност сјае низ нив како утринското сонце кое се појавува на хоризонтот.

Во продолжение прочитајте неколку цитати кои уште повеќе ќе ве убедат дека навистина сѐ се случува со причина…

„Недовршениот производ секогаш расте, учи и доживува. Ние го согледуваме тоа преку рефлексијата и анализирањето на нашите искуства.“ – Непознат автор

„Верувам дека сѐ се случува со причина, дури и ако не сме доволно мудри да го согледаме тоа. Кога нема борба, нема ниту сила.“– Опра Винфри

„За оној кој не знае да чита, буквите на страницата изгледаат како да се случајно одбрани, додека, пак, во реалноста тие се прецизно и смислено подредени.“ – Дипак Чопра

„Нема да можеме да ги споиме точките ако гледаме само напред. Можеме да ги споиме ако гледаме назад. Морате да верувате дека точките на некој начин ќе се поврзат во вашата иднина. Морате да верувате во нешто: Интуиција, судбина, живот, карма, што било. Овој пристап на работите никогаш не ме изневерил и направил огромна разлика во мојот живот.“ – Стив Џобс


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар