Руска поучна приказна за родителите: Сакаме нашите деца да бидат среќни, а правиме грешки
Одгледувањето среќно дете не е лесна задача, но родителите имајќи намера да им го олеснат тешкиот живот на децата, го прават токму спротивното. Токму тоа е темата на оваа стара руска приказна која преку едноставен начин укажува на големи грешки што ги прават родителите и открива една голема тајна – како да ги научите децата да бидат задоволни и среќни.
Еднаш, еден мудар старец одел по својот пат, набљудувајќи ја природата и се восхитувајќи им се на убавите, живописни бои на пролетта. Тој сретнал човек кој носел толку голем товар на грбот што му трепереле нозете.
„Зошто се осудуваш на толку напорна работа и страдање?“, го прашал старецот.
„Се мачам за да ги израдувам моите деца и внуци“, одговорил сиромашниот човек. „Мојот прадедо работеше напорно за да му помогне на дедо ми, дедо ми се жртвуваше за татко ми, татко ми заради мене, а сега јас се мачам за среќата на моите деца.“
„А, беше ли некој во вашето семејство среќен?“, прашал мудрецот.
„Сè уште не, но децата и внуците сигурно ќе бидат!“, извикал човекот.
„За жал, неписмен не може да ве научи да читате, а кртот никогаш не воспитува орел“ воздивнал стариот човек. „Најпрво мора сам да научиш да бидеш среќен за да им покажеш на твоите деца што е среќа. Тоа ќе биде твојот највреден подарок за нив.“
Прочитајте ја и оваа поучна приказна за справување со проблемите.