Романтичното цветно кралство во Јапонија

Романтичното цветно кралство во Јапонија

Цветните дрвја Вистерија, познати како фуџи во Јапонија, се многу популарни во оваа земја.  Се смета дека тие се најстарите цветни дрвја што постојат. Едно од најубавите места на кои можете да ги видите овие дрвја е Цветниот Парк Ашикага, кој се наоѓа во јапонскиот град Ашикага. Во овој цветен парк најмногу преовладуваат сини, бели и розови фуџи дрвја, како и жолтите дрвја laburnum, попознати како златен дожд (јапонски: кингусари), кои личат на жолто обоени фуџи.

Романтичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во Јапонија

Масивните цветни крошни се протегаат на површина од 1000 метри квадратни. Едно вакво големо дрво во паркот, е старо 100 години и неговите гранки се потпрени на начин, кој формира фантастичен огромен син чадор од фуџи цветови. Воедно, има и цветен тунел од бели фуџи цвеќиња, долг 80 метри, а на тунелот од жолтите кингусари пак, му треба уште неколку години за да прерасне во фактички цветен тунел.

Романтичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во Јапонија

Покрај фуџите, во овој парк ќе најдете и многу други видови цвеќиња, ресторани, цвеќарници и локални продукти. На ова место доаѓаат многу малку странски посетители, а нема ни описи на таблите на англиски јазик. Цената на влезницата во паркот зависи од годишното време, а чини околу 1000 јени (околу 12 долари) во сезоната кога фуџите цветаат.

Романтичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во Јапонија

Фуџите во Цветниот Парк во Ашикага, најчесто се сосема расцутени на почетокот на месец мај, за разлика од фуџите во Токио, кои цветаат една до две недели пред тоа. Бидејќи овој парк се смета за најдоброто место на кое може да се видат овие цветни дрвја, во сезоната на фуџите има голема гужва од посетители, дури и во текот на работните денови.

Романтичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во Јапонија


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар