Романтично и елегантно: Направете држач за свеќи од пластично шише
Автор: Сара Турановиќ
Зар не е супер наместо да ги фрлате празните пластичните шишиња, да ги претворите во нешто што ќе го користите подолго време. Сè што ви е потребно е идеја, малку време и креативност. Ви даваме одличен предлог како да направите романтичен држач за свеќи од пластично шише.
Потребно ви е:
- Пластично шише
- Нож
- Бела боја
- Четка
- Лепак
- Додатоци: лента, машна, бисери итн.
Чекор 1: Исечете го горниот дел од шишето. Тоа е подлогата на свеќникот.
Чекор 2: Обојте го со бела боја. Кога ќе се исуши, горниот дел обвиткајте го со лента, и убаво залепете ја со лепак.
Чекор 3: Залепете ги бисерите на долниот дел.
Чекор 4: Ставете ја машната напред.
Чекор 5: Ставете ги свеќите и уживајте во своето ремек-дело!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.