Романтични филмски сцени со кучето на шефот
Колегите на Крис Нака од „Блу мен груп“ од Чикаго му предложиле да се слика со Вригли, кучето на шефот, рекреирајќи ја познатата романтична сцена од филмот „Титаник“ во која Леонардо Дикаприо и Кејт Винслет стојат на работ на бродот. Тоа што требало да биде забава за време на паузата за ручек, на Крис му се видело убаво, па на крајот го претворил во фото-проект.
„Театарот е навистина прекрасно место да се работи. Почнавме со фотографирање во последните пет минути од паузата за ручек и сè тргна оттаму. Некој испечати неколку од првите слики, ги закачи во зелената соба и луѓето од целиот театар почнаа да даваат сугестии за други филмови. Нема некоја голема причина за изборот на романтичните филмови. Почнавме со ‘Титаник’ и логично беше да продолжиме со тој тренд. Навистина, романтичните фотографии беа смешни и малку чудни. Планираме да продолжиме додека не ни се потрошат идеите,“ вели Крис.

Страници на нашата љубов (The Notebook)

Спајдермен (Spiderman)

Дух (Ghost)

Дипломец (The Graduate)

Планината Броукбек (Brokeback Mountain)

Топ Ган (Top Gun)

Шеснаесет свеќи (Sixteen Candles)

Валкан танц (Dirty Dancing)

Титаник (Titanic)
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.