Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјата
Како ви звучи идејата да ручате високо во крошната на некое дрво? Оваа интересна идеја може многу брзо да стане вистински хит за организирање романтични ручеци и вечери, а ваква услуга во вакви услови, сега може да ви овозможи само летувалиштето „Six Senses’ Soneva Kiri“ кое се наоѓа на тајландскиот остров Кокс Куд.Одморалиштето со 6 ѕвезди, нуди триесетина фантастични вили, но ресторанот сместен 5 метри над земјата помеѓу листовите од бујните дрва со романтичен поглед кон прекрасните песочни плажи, дефинитивно ќе биде голем хит во светот. Додека вие седите и уживате во погледот, вашата храна „долетува“, а нејзе ја носи келнер прикачен на метална сајла.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.