Родители, држете ги вашите бебиња во прегратка, науката потврдува дека тоа е добро за нив
Дали е можно премногу да го милувате вашето бебе?
Сигурно сте се соочиле со совети од типот: „Ќе го размазиш бебето ако цело време го држиш во раце“, „Бебињата треба да се остават да плачат, добро е за нивните бели дробови“, „Некогаш мора и да го оставиш бебето, не можеш цело време да го држиш во раце.“
Не! Новите истражувања покажуваат дека држењето на бебињата покрај себе има долготрајни позитивни ефекти врз детето.
Заборавете што велат вашите баби и застарените книги и памфлети и почнете да ги држите вашите новороденчиња близу до себе колку што можете повеќе. Знаеме дека вие сакате, но покрај тоа што тоа е добро за вас, добро е и за нив.
Истражувањето објавено во списанието Современа биологија открива дека тие рани искуства на бебињата во врска со допирите кои ги добиваат трајно остануваат во нивните мозоци. Всушност, тие рани допири имаат долготрајни ефекти врз начинот на кој тие подоцна реагираат на нежен контакт, а особено влијаат на предвреме родените бебиња.
Студијата спроведена во Националната детска болница во Охајо истражувала недоносени бебиња родени помеѓу 24-тата и 36-тата гестациска недела, како и бебиња родени во полн термин, односно помеѓу 38-ма и 42-ра недела. Со нежно пуфкање воздух, истражувачите ги мереле реакциите на мозочињата на бебињата. Забележале дека предвреме родените бебиња почесто имале редуцирана реакција на мозокот на допир во однос на останатите.
Но, она што е исклучително важно е дека реакцијата била посилна кај оние бебиња кои имале поминато повеќе време разменувајќи нежен контакт со родителите или болничкиот персонал. Разбирливо, од друга страна, бебињата кои искусиле болни медицински процедури имале помала реакција на нежни допири понатаму во животот.
ѝ се заблагодаруваме на науката од сѐ срце за ова откритие.