Родените во јануари мора добро да се чуваат од овие нешта
Јануари е почеток на новата година, месец на празници и прослави, но еве ги и вообичаените карактеристики на луѓето родени во празничната сезона.
Независност
Личностите родени во јануари се сметаат за старомодни или посериозни и одговорни лица, дури и додека се деца. Подоцна во животот, луѓето родени во јануари се истакнуваат како родени водачи и преземаат многу одговорности, дури и кога тие не се нивни. Ова е делумно резултат на нивната вродена самодоверба и тврдоглавоста, но и поради фактот дека понекогаш им е тешко да им веруваат на другите, па токму затоа тие преземаат одговорност за исполнување на секоја обврска или задача. Овие луѓе имаат високи стандарди во секоја смисла.
Креативност
Луѓето родени во јануари имаат силно чувство за хумор, што понекогаш се претвора во сарказам. Тие совршено ќе одговорат дури и на најглупавите прашања, затоа што веруваат дека можат да помогнат и сметаат дека не е срамно нешто да не знаете. Тие имаат креативен пристап кон решавање на проблемите и се доста незгодни, но на позитивен начин. Набљудувајте ги кога им е здодевно, тогаш се подготвени за тотално луди работи!
Добро расположение
Бројни студии покажале дека луѓето родени во јануари се помалку подложни на „празнична“ или сезонска депресија. И, генерално, јануарските деца се помалку нервозни, дури и како возрасни. Кога станува збор за здравјето, тие треба да внимаваат на зголемениот ризик од дијабетес тип 2, бидејќи некои студии покажале дека постои зголемен ризик од недостаток на сончева светлина во текот на последните месеци од бременоста, што е честа појава кај „зимските“ бремености и бебињата.
Љубов
Да, луѓето родени во јануари сигурно силно ја чувствуваат љубовта и сакаат да ја покажат. Но, да не зборуваме премногу за неа, или за чувствата. Кога сте во врска со личност родена во јануари, таа попрво ќе ви покаже дека ве сака, отколку да разговара или да ви го признае тоа. Бидејќи во јануари се родени припадниците на хороскопските знаци Јарец и Водолија, во зависност од датумот на раѓање, тие може да бидат малку тврдоглави. Водолиите се повеќе во контакт со своите емоции и поотворено зборуваат за нив.
Овие лица се почесто левораки – ако се момчиња!
Едно истражување направено во Виена открило дека момчињата родени во ноември, декември и јануари е поверојатно да бидат леваци. Од друга страна, девојчињата родени во тие месеци е поверојатно да не бидат левораки.
Можеби сакате да дознаете и зошто луѓето родени во октомври живеат подолго?