Родени „специјалци“: 10 раси кучиња кои го чуваат домот подобро од алармните системи

Родени „специјалци“: 10 раси кучиња кои го чуваат домот подобро од алармните системи

Одредени раси кучиња се ценети и добро познати по нивната заштитничка природа, што е особено видливо по начинот на кој го штитат својот дом и семејството. Ако сакате да имате лојален и бестрашен животен придружник, кој, доколку е потребно, може да го заштити и вашето семејство, следните 10 раси ќе бидат ваш непогрешлив избор. Запомнете дека овие кучиња ќе ви бидат најверни пријатели, но треба да им обезбедете соодветна обука за нивната заштитничка природа да не прерасне во агресија.

Родени „специјалци“: 10 раси кучиња кои го чуваат домот подобро од алармните системи

1. Германскиот овчар

Овие кучиња се ценети и добро познати како полициски и воени кучиња и се одлични чувари. Првично тие се грижеле за овците, па затоа оваа голема, интелигентна раса има вродена заштитничка природа и лојалност. Германските овчари лесно се тимарат, сакаат да бидат активни, но знаат и да се релаксираат. Наспроти популарното верување, тие се добри и со децата.

2. Ротвајлер

Само еден поглед кон моќните мускули на ротвајлерот ќе однесат крадецот далеку од вашиот дом. Бидејќи е најстариот претставник од расите кои се одгледувале за чување на стада, ротвајлерот е целосно лојален на своето семејство и е сомничав кон странци сè додека не ги запознае. Како и германските овчари и ротвајлерите сакаат да бидат активни, а заради нивните кратки влакна на крзното, тие се лесни за тимарење. Познати се по своето означување територија, поради што верно ќе го заштитат својот дом од непоканети натрапници.

3. Доберман

Ако го сакате најдоброто куче-чувар, паметено, силно и атлетски градено, тогаш доберманот би можел да биде вашиот вистински избор. По само неколку минути со доберманот, можете да видите колку е интелигентен и активен. Појавноста на овие кучиња е застрашувачка за многумина, но со соодветна обука, една од најопасните раси ќе стане вашиот најлојален придружник. Доберманите се познати и по својот долг животен век.

4. Булмастив

Вкрстената раса меѓу булдогот и мастивот, булмастивот првично се одгледувал во Англија за пронаоѓање на ловечките стапици. Ако провалник успее да се доближи до куќата, ќе наиде на масивно, моќно куче кое ќе удира со шепата на подот и нема да му дозволи да мрдне сè додека не пристигне помошта. Булмастивите се познати по тоа што се исклучително паметни, смели и бестрашно лојални кучиња.

5. Американски стафордски териер

Можеби изгледа малку тромо и набиено, но стафордот секако има сила и ревност да го брани своето семејство кога ќе биде потребно. Покрај тоа, овие кучиња порано биле познати како дадилки на мали деца. Кога еднаш ќе се поврзе со сопственикот, стафордот без сомнение ќе го сака до крајот на животот и тој човек ќе биде центарот на неговиот свет.

6. Кувас

Поради своето бело, бушаво крзно ова куче може да делува потполно нежно и безопасно, но прекрасниот кувас може да се пофали со својата решителност и крајно заштитничка природа. Фактот дека кучето порано се одгледувало за да ги брка животните предатори како волците и мечките, зборува многу за тоа колку е силно и бестрашно ова куче. Со правилно воспитување, кувасите ќе ја покажат другата страна од својата природа која е слатка и опуштена.

7. Акита

Една од оние раси што не се препорачува за луѓе кои претходно немале куче, акитата е тивко, но многу заштитнички настроено куче. Тоа е многу силно и треба да се биде претпазлив додека е во близина на деца. Ова куче е најдобро е да го вдомите додека е мало и веднаш да започнете со обука за послушност. Станува збор за јапонска раса одгледувана за лов која, исто така, е специфична по тоа што може да биде тивка и ненаметлива во куќата, а исклучително пријателски расположена надвор, но и многу претпазлива.

8. Гигантски шнауцер

Ова е доминантна и приврзана раса, која има огромна енергија што копнее по човековото друштво која реагира брзо кога сака да го заштити семејството. Сопственикот на оваа раса мора да му овозможи на своето милениче многу физичка и ментална стимулација за на кучето да не му биде досадно и да не стане деструктивно.

9. Родезиски ловец

Првично одгледуван како бестрашен ловец на лавови, ова куче е многу интелигентно и е нежен џин кој додека е со семејството станува лојален заштитник од можни несакани ситуации. Тој е особено добар со децата и во Африка се одгледувал за да ги чува децата додека родителите не се дома.

10. Коли (Шкотски овчар)

Најпознатиот претставник на оваа раса во светот е Леси од филмот „Леси се враќа дома“ и сите ја знаеме лојалноста што ја покажа кучето во овој филмски класик. Коли е куче со умерено однесување кое ретко покажува знаци на агресија, освен кога чувствува дека неговото семејство има потреба од заштита. Тоа е, исто така, познато како една од најинтелигентните раси во светот што лесно се обучува. Покрај тоа, членовите на оваа убава и пријателски настроена раса добро се здружуваат со децата.

Можеби сакате да прочитате и една студија која тврди дека кучињата во основа се слични на луѓето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар