Роберт Дауни Џуниор има мисија да ја исчисти планетата за 10 години
Секој суперхерој на Марвел може да ја спаси нашата планета од еколошка криза, но овој пат актерот Роберт Дауни Џуниор, алтер егото на Ајронмен, доаѓа да ја спаси планетата.
Ако ги сакате филмовите на Марвел, тогаш знаете дека ликот на Роберт Дауни Џуниор, Тони Старк, е посветен на спасување на светот користејќи напредна технологија. А сега се чини дека актерот го следи примерот на Ајронмен. Тој најави дека во 2020 година ќе ја лансира организацијата наречена „The Footprint Coalition“. Тој има план да ја исчисти целата планета во период од 10 години со употреба на вештачката интелигенција.
Тој својата идеја ја претстави на конференцијата Amazon Re: Mars, состанок што се осврна на предностите на напредната роботика и машините, особено оние на вештачката интелигенција. Актерот не сподели многу детали за проектот, но напомена дека вештачката интелигенција може да биде од корист за луѓето доколку се користи за добро.
„Со роботиката и нанотехнологијата можеме значително да ја исчистиме планетата, ако не и целосно, во период од 10 години“ вели актерот.
Па, треба да почекаме до април 2020 година за да видиме како ќе изгледа целиот проект. Во меѓувреме, можете да го посетите веб-сајтот на организацијата и да ги следите сите новости поврзани со овој прекрасен проект.
Ве интересира оваа тема? Еве како да станете еколошки свесна личност.