Ритуал за исполнување на желбите: Денешната полна месечина носи големи промени
Оваа полна месечина е во првата декада на Риби, па најголемо влијание ќе има на родените во првиот дел од годината. Полната месечина се очекува вечер, на 26-ти август, а со неа нè очекуваат и многу позитивни промени.
Иако полната месечина е карактеристична по нервозата и напнатоста, овој пат ќе помине лесно и во знакот на инспирацијата. Денешниот ден ќе биде полн со мир и е одлична можност да ги исполните вашите желби и цели.
Ако сте барале можност да бидете реални, сега е вистинскиот момент. Ќе ги гледате работите правилно и онакви какви што се. Ќе дознаете што ве прави среќни и ќе решите да ставите крај на некои работи.
Позитивните аспекти од полната месечина најмногу можат да ги искористат Раковите, Скорпиите, Рибите, Јарците и Девиците, но и Вагите и Лавовите. Особено внимание треба да обрнат Стрелците и Близнаците кои најверојатно ќе се чувствуваат малку изгубено. Но, ситуацијата нема да биде најдобра ни за Овните кои ќе се чувствуваат тажно и оддалечено од сите. Сепак, астролозите и нив им препорачуваат да се опуштат за време на полната месечина, да уживаат во мирот, убавата музика, вкусната храна и да се опкружат со позитивни работи.
Дури се верува дека постои и ритуал поврзан со оваа појава. Станува збор за прочистување и привлекување на саканата енергија. Во некоја убава чинија со студена боја (на пример сина) ставете вода и додајте неколку цветови од роза. На лист хартија запишете што сакате да привлечете во животот, а потоа гласно прочитајте го напишаното. Дланката потопете ја во чинијата со вода за на симболичен начин да се ослободите од старата енергија и да привлечете нова и подобра. Овој ритуал можете да го изведете и во друштво.
Дали знаете како влијае полната месечина на вашата потсвест?