Ретка снимка од Џ. Р. Р. Толкин како ја чита поемата „Еден прстен“
Според она што го кажал Џон Роналд Руел Толкин, авторот на трилогијата „Господар на прстените“, во едно негово писмо од 1958-ма година, еве што претставува Прстенот од епската фантазија:
„Прстенот на Саурон е еден од неколкуте мистични предмети за поставување на животот или моќта на некој во надворешен предмет, кој поради тоа е изложен на заробување или уништување со катастрофални резултати. Ако „филозофирав“ за овој мит, или барем за прстенот на Саурон, би рекол дека тоа е мистичен начин за претставување на вистината дека има потенцијал, ако тоа е изведено и донесе резултати, да излезе од негова контрола.“
Според перспективата на митот, оваа надворешна моќ на Саурон се претвора во желба да се владее со сè. Ова е опфатено во познатата поема „Еден прстен“, од која неколку стихови се изгравирани и на самиот прстен. Ако сте голем фан на оваа трилогија, сигурно ќе сакате да слушнете како самиот Толкин ја чита поемата.
Три прстена за Кралевите елфски под небото сјајно
Седум за владетелите на Џуџињата во дворецот камен
Девет за Смртните луѓе што умираат знајно и незнајно
Еден за Мрачниот господар на престолот негов темен
Во земјата Мордор Сенките кај чмаат
Еден прстен да господари со сите, еден кај сите брза,
Еден прстен сите да ги збере, во мрак да ги врзе
Во земјата Мордор Сенките кај чмаат
Зборовите кои се изгравирани на прстенот се напишани на „црниот јазик“, јазикот кој се зборува во Мордор.
Ash nazg durbatulûk, ash nazg gimbatul,
Ash nazg thrakatulûk agh burzum-ishi krimpatul.
Преведено на „заедничкиот јазик“:
Еден прстен да господари со сите, еден кај сите брза,
Еден прстен сите да ги збере, во мрак да ги врзе.
Прочитајте ги и овие неверојатни цитати од Толкин.