Ресторан во кој работат мали дечиња
„Kinderkookkafé“ е семеен ресторан во Амстердам кој е целосно управуван од дечиња. Тие готват, сервираат, им ја носат сметката на муштериите и ги мијат садовите, се разбира со мала помош од повозрасен персонал. Менито е многу едноставно и вклучува главно јадење и десерт. Состојките се свежи, храната е здрава, а цените се многу ниски. Пред да дојдете во ресторанот, најчесто ќе треба да направите резервација.Ова место е дел ресторан, дел училиште за готвење и дел детска градинка. Родителите ги остават нивните деца попладне и се враќаат подоцна за да го изедат оброкот кој тие им го приготвиле. Додека се децата таму, возрасните вработени ги подучуваат како да готват, да сервираат и да им стојат на располагање на муштериите. Со помош и надзор од страна на двајца возрасни, децата можат да учат како да подготват вечера во сабота, а да печат колачи и пита за ужина во недела. Доколку дечињата сакаат, тие можат да се приклучат во кујнската бригада, заедно со останатите деца кои си работат таму или да уживаат во послужен топол оброк, заедно со нивните родители.Изработени се и сликовити менија за муштериите да си одберат што сакаат дечињата да им зготват: сендвичи, милкшејк, колачиња… Начинот на готвење, користењето на потребните состојки и инструкциите од страна на нивните учители по готвење е на нивно ниво, за да можат да сфатат и сработат сè што е потребно за услугата да биде како што треба. Децата тука можат да работат сè: од готвење, примање нарачки, сервирање храна, миење садови, служење безалкохолни пијалаци од зад шанкот, па сè до носење сметки за наплата. Основната идеја која стои зад интересниот начин на работа на холандскиот ресторан, е да се научат децата како да станат одговорни и корисни, во една забавна и пријателска детска атмосфера.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.