Ресторан на врв на вулкан
Автор: Петар Тодоровски
Оние кои за задоволување на своите гурмански потреби се спремни да одат до таму каде што никој не бил, несомнено ќе бидат воодушевени од ресторанот Ел Дијабло. Се наоѓа во националниот парк Тиманфаја на канарскиот остров Ланзароте, но не е сместен во некое живописно катче, туку на врвот на вулканот Ислоте де Хиларио.Вулканот веќе 250 години не исфрла лава, така што гостите се безбедни. На тлото сè уште се чувстува топлина која на неколку метри под земјата достигнува преку 400 степени. Тоа се користи како извор на топлина за ресторанот, а на еден од отворите од каде што порано еруптирала лавата е поставена скара на која се приготвува традиционална канарска храна.Храната не е единствената атракција на Ел Диабло. Многу од туристите тука доаѓаат заради спектакуларната панорамска глетка на целиот национален парк овозможена од стаклените ѕидови на ресторанот. Особено е привлечна глетката на зајдисонцето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.