­
Решете ја оваа загатка што го збуни Интернетот: Која шолја прва ќе се наполни со кафе?

Решете ја оваа загатка што го збуни Интернетот: Која шолја прва ќе се наполни со кафе?

Сите ги обожуваме интересните загатки. Па, добро, можеби не баш сите, особено ако треба да ги решаваме пред да го испиеме првото утринско кафе. Но, што ако решаваме загатки и пиеме кафе истовремено? Доколку сте расположени за интересен предизвик, обидете се да ја решите следнава загатка што ги збуни твитерџиите.

Решете ја оваа загатка што го збуни Интернетот: Која шолја прва ќе се наполни со кафе?

Откако оваа загатка беше објавена на Твитер, таа стана вирален хит и го остави целиот виртуелен свет со прашалници во глава. Станува збор за слика со мрежа од цевки и резервоари кои водат до 4 различни шолји за кафе означени со бројки 4, 9, 5 и 7. Над целиот систем од цевки и шолји може да видите рака како држи кафемат полн со кафе. Раката го истура кафето во резервоарот што се наоѓа на врвот од целиот систем. Прашањето е: Која шолја прва ќе се наполни со кафе?

Твитерџиите се обидуваа да одговорат на овој твит и нивните одговори многу се разликуваат едни од други. Дали имате идеја како да ја решите оваа загатка? Доколку не можете да се сетите, погледнете го одговорот кој е многу поедноставен одошто мислите!

  • Одговор

Ве изненади одговорот? Токму тоа е поентата на најдобрите загатки. Иако решението на загатката е логично, самите околности на проблемот не ја следат логиката на реалниот свет.

Доколку сакате да ја тестирате вашата остроумност, погледнете ги и овие 5 забавни загатки што само најострите умови ќе можат да ги решат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар