Реконструкција на лице ни овозможува да видиме како изгледале кучињата пред 5.000 години
За прв пат во историјата, технологијата за реконструирање лице откри како изгледало неолитското куче кое живеело пред околу 4.000 години.
Черепот на кучето бил пронајден во Шкотска пред околу еден век. Изградена помеѓу 3000-та и 2400-та година п.н.е., просторијата во која е пронајден черепот е најдобриот пример за неолитска гробница во тој регион. Во 1901-ва година, од гробницата биле ископани 24 черепи на кучиња, заедно со остатоци од најмалку 8 луѓе.
Во наредните децении, новите технологии како датирање со јаглерод, покажаа дека коските на кучињата биле поставени во просторијата 500 години после нејзината изградба. Ова укажува дека кучињата имале важна улога во древното човечко општество и биле закопани како дел од ритуал.
„Како што и денес се ценети животни, кучињата очигледно имале важно место во неолитот, бидејќи биле чувани и тренирани како миленици и чувари, а можеби ги користеле и овчарите“, изјавил Стив Фарар кој работел на проектот.
„Но овие пронајдоци покажуваат дека кучињата имале големо значење за фармерите кои живееле во околината и кои ја користеле гробницата пред околу 4.500 години. Можеби кучињата биле нивен симбол или тотем, или тие едноставно се сметале за љубители на кучиња.“
Во 2019-та година, истражувачите ги скенираа черепите на кучињата за да испечатат 3Д верзија. Форензичкиот артист Ејми Тортон добила задача да направи реалистичен модел од главата, мускулите, кожата и крзното на кучето. Кога ќе се земат предвид ограничените податоци, ова било навистина тешка задача. Ејми направила глинена скулптура од 3Д принтот користејќи традиционални методи, а потоа направила силиконски калап. Според истражувачите, кучето било големо колку денешното леси куче.
Претходно биле направени реконструкции на черепи од неолитот, но ова е првиот обид за животно.
„Гледањето на ова куче ни помага подобро да се поврземе со луѓето кои се грижеле за овие животни“, изјавил Фарар.
Погледнете и како навистина изгледале нашите предци.