Рејланд, девојчето кое на 5 години постана момче
Кога во 2007 година, Џек и Хилари Витингтон дознале дека ќе имаат ќерка, ни најмалку не очекувале дека за неколку години истото дете ќе стане нивни син. Рејланд се родила како женско бебе, за подоцна да стане машко дете.
Рејланд се родила како здраво и среќно бебе, но на првиот роденден нејзините родители сфатиле дека таа е глува. По направената интервенција, таа почнала да слуша и да зборува, но потоа забележале нешто друго – таа почнала да се интересира за работи кои би биле карактеристични за машко дете. Иако нејзината соба била розова, ја облекувале во женски алишта и живеела во нормална средина каде што можела да си игра со она што ѝ е интересно, сепак, таа секогаш избирала да се однесува како машко.
„Кога ќе умрат моите родители, ќе си ја скратам косата за да можам да бидам момче. Зошто Бог ме направил ваков?“ – рекла Рејланд.
Луѓето зборувале дека тоа е фаза и дека ќе помине, но фазите завршуваат. Она што секојдневно го гледале родителите на Рејланд не делувало дека ќе заврши. По консултации со стручни лица и експерти, тие разбрале дека Рејланд е трансродно дете и биле советувани да ѝ дозволат да го промени својот идентитет.
Разбрале дека децата обично го доживуваат идентитетот за својот пол помеѓу 3 и 5 години. Исто така, запрепастувачки е фактот дека дури 41% од трансродните лица се обидуваат да извршат самоубиство како резултат на неприфаќањето од околината. Родителите на Рејланд не сакале да ризикуваат. Му ја поткастриле косата, му купиле машка облека, му ја смениле собата и почнале да му се обраќаат како на момче. Тој е сѐ уште здраво дете, и што е најважно сега е среќен.
Џек и Хилари ги известиле сите блиски за промената, секако притоа изгубиле некои луѓе, но вистинските пријатели, како што велат, секако останале со нив.
Ова е сега семејството на Витингтонови.
Гледајте го видеото со кое го допреа светот.
Прекрасни родители!