Реалистична приказна што ќе ве насмее до солзи: Што се случува кога мажот ја бара совршената жена?

Реалистична приказна што ќе ве насмее до солзи: Што се случува кога мажот ја бара совршената жена?

Сите луѓе трагаат по совршената личност за нив. Иако сме свесни дека не постои совршенство, сепак потајно се надеваме дека тогаш кога најмалку очекуваме ќе се појави личноста од нашите соништа и ќе живееме среќни до крајот на животот. Па така, еден професор неуморно ја барал вистинската жена за него. Имал неколку девојки, но кога се појавила совршената, се случило нешто неочекувано. Прочитајте ја оваа реалистична приказна што ќе ве насмее до солзи…

Реалистична приказна што ќе ве насмее до солзи: Што се случува кога мажот ја бара совршената жена?

На едно предавање, студентите почнале да го прашуваат нивниот професор:

„Вие сте многу мудри и искрени. Сите Ве почитуваат, сакаат да бидат како вас и да ги следат вашите стапки. Но, сепак сите нѐ интересира само едно нешто. Зошто досега не сте се ожениле?“

Професорот се збунил од ова прашање, на почетокот малку се колебал, но набрзо почнал да се отвора и да зборува:

„Видете, јас отсекогаш сум ја барал совршената жена! Во текот на таа потрага сум прошетал во многу земји. Еднаш видов една прекрасна девојка. Беше неверојатно убава. Ниту еден маж не би можел да одолее на нејзината убавина. Но, за жал, нејзината душа ја немаше истата убавина, па по некое време нашите патишта се разидоа.“

Студентите со голем интерес ја слушале љубовната историја на професорот, а тој продолжил да зборува:

„Потоа сретнав уште една млада девојка. Таа беше и убава и паметна и образувана. Но, за жал, нашите карактери беа потполно различни и моравме да ја прекинеме врската. Оттогаш сум бил со многу прекрасни жени, но не престанав да ја барам совршената за мене.“

Професорот престанал со зборување, но љубопитноста на студентите сѐ уште не била задоволена, па тие продолжиле со нивните прашања:

„И што се случило? Зар никогаш не сте сретнале таква жена?“

Професорот веднаш одговорил:

„Ја сретнав! Еден ден се појави баш таква совршена жена: паметна, убава, шармантна, продуховена, елегантна, добродушна… Вистинско совршенство!“

„И тогаш се оженивте?“, возбудено и нетрпеливо прашале студентите во еден глас.

Професорот направил кратка пауза и разочарано одговорил:

„Не… На мое огромно разочарување, испадна дека и таа го барала совршениот маж!“

Можеби станува збор за приказна, но ова се случува и во реалниот живот. Заборавете на вашите критериуми и стандарди и следете го срцето. Не бидете толку пребирливи. Во ред е да се држите до вашите принципи, но сепак дајте им предност на вашите емоции. Дури и да ја најдете совршената личност за вас, не постои гаранција дека чувствата ќе ви бидат возвратени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар