Развод и уште 6 други работи кои се заразни...

Развод и уште 6 други работи кои се заразни…

Кога е во прашање заразата, секогаш се помислува на грип, настинка или вирус. Но, постојат и некои други работи кои немаат никаква врска со болест, а сепак може да се „пренесат“. Дознајте за што станува збор!

(1) (4) razvod-i-ushte-6-drugi-raboti-koi-se-zarazni

Негативно размислување

Големо влијание на вас имаат луѓето со кои се дружите. Тие влијаат на начинот на кој се справувате со предизвиците во животот. Потребни се само три месеци за да присвоите негативно размислување, претворајќи го во ваш животен став.

(2) (1) (4) razvod-i-ushte-6-drugi-raboti-koi-se-zarazni

Среќа

Од друга страна пак, за среќа, и среќата е заразна. Доколку сте среќни, вашите пријатели се 25% посреќни, а вашите комшии за 34%. Според едно истражување, за споредба, наградата од 5.000 долари ја зголемува вашата среќа за само 2%, што значи дека треба да тргнете во потрга по среќни пријатели и да заборавите на парите.

Откажување од цигари

Кога еден човек ќе престане да пуши, можноста за неговото семејство и пријателите да ги остават цигарите се зголемува за 36%.

(3) (2) (1) (4) razvod-i-ushte-6-drugi-raboti-koi-se-zarazni

Стрес

Нашиот мозок има способност да детектира стрес кај други луѓе преку најчестите симптоми, како што е забрзаното дишење. Кога ќе се открие овој симптом, кај вас веднаш започнува да се лачи хормон на стрес. Личноста од која ќе се „заразите“ постои можност дури да не се наоѓа во иста просторија со вас.

Желба за нови работи

Често луѓето сметаат дека некои работи се повредни кога и друг ги посакува. Мажите и жените стануваат попривлечни кога се во врска. Ова може да биде голема замка, па затоа внимавајте што посакувате и бидете благодарни на она што веќе го имате.

Осаменост

Логично е да мислите дека далечината спречува да се шири осаменоста, но грешите. Напротив, се случува обратното. Истражувањата покажале кога една личност се чувствува осамено, со текот на времето и нејзините блиски ќе почнат да се чувствуваат исто така осамено.

(4) razvod-i-ushte-6-drugi-raboti-koi-se-zarazni

Развод

Доколку вашите пријатели се разведени, шансите за развод во вашиот брак се зголемени за 75%, во однос со оние чии пријатели не се разведени. Доколку пријателите на вашите пријатели се разведат, шансите за ваш развод се 33%. Според истражувањата, она што може да ви помогне во вашата врска е всушност помагањето на вашите пријатели да ги надминат проблемите во нивните врски.

Дознајте и зошто смеењето и муртењето се заразни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар