Размислувања во кои ќе се пронајдат само „бабите“ во друштвото
Некои жени во позрелите години ја губат волјата да се забавуваат по цела ноќ и во текот на наредниот ден да патат од мамурлак. Ако сте и вие помеѓу нив, тогаш сигурно веќе знаете какво е чувството луѓето да ве критикуваат кога наместо да излезете во дискотека вие останувате дома, со чаша вино и добар филм кој го гледате со вашата најдобра пријателка. Честопати ќе добиете коментар дека сте станале „вистинска баба“. Но, вам тоа не треба да ви пречи затоа што постојат 31 причина да се чувствувате одлично како „пензионерка“. Во денешниот текст ви ги откриваме и објаснуваме тие феномени. Верувајте дека слатко ќе се насмеете додека ги читате, а сигурно во некои од нив и ќе се препознаете.
1. Не добивате напади на паника заради случувањата во градот. Се прашувате зошто луѓето полудуваат заради секое можно случување во градот кога вие никогаш не ги правите работите кои не ги сакате и без разлика што ќе направат вашите пријателки, вие нема да зажалите за вашата одлука. Потполно сте задоволни со тоа што ќе ја поминете вечерта сами.
2. Сакате да направите нешто во недела. Додека поголемиот дел од вашите пријателки во текот на неделата се лечат од мамурлак, вие ќе отидете во теретана, на шопинг и ќе ги извршите сите останати обврски кои не сте ги извршиле во текот на работната седмица.
3. Сметате дека имате контрола над барем еден аспект од вашиот живот. Можеби немате контрола над нешто друго во вашиот живот, но можете да го контролирате фактот дека не сакате да излегувате.
4. Вашата чанта некогаш припаѓала на Мери Попинс. Ако вашите пријателки мислат дека неуредната чанта е маана, тогаш се лажат. Девојките со неуредни чанти всушност сите работи ги имаат на едно место. Па, што ако заради тоа ве нарекуваат баба?
5. Попрво ќе носите огромна долна облека отколку танга. Верувале или не, многу жени повеќе сакаат огромна долна облека, како оние што ги носат нашите баби, отколку танги. Баби од сите земји, обединете се!
6. Не сте излегле три месеци. Зошто овој викенд би бил поразличен од останатите? Не е, и вие сте воодушевени заради тоа.
7. Носите големи очила затоа што не гледате, а не затоа што сте хипстерка. Точно е дека некои луѓе носат очила за да изгледаат подобро и помодерно или да изградат некој сопствен стил. Но, вие не сте помеѓу нив.
8. Имате порцелански сет од шолји за чај. И не, не е за украс. Вие навистина го користите секојдневно.
9. Одвај чекорите. А, особено во штикли. Попрво би останале дома отколку некаде во градот да се сопнете, да паднете и да завршите во болница заради повреда на ногата.
10. Обожавате да го користите блендерот Ја знаете ли вистинската причина поради која луѓето се одлучуваат да го прочистат својот организам со некое смуди и природни сокови? Тоа е затоа што ги мрзи да ја џвакаат храната. Се шегуваме, секако.
11. Имате повеќе лекови во својот дом од која било аптека. И за утро, и за попладне, и за навечер. И не, не ги делите.
12. До 16 часот веќе сте вечерале. Многу луѓе се шегуваат со оние кои можат толку рано да јадат по трет пат во денот, но вие уживате во тоа.
13. Вашите седи влакна не се во тренд, туку нешто сосема природно. Една жена открила дека првото седо влакно во својата коса го пронашла кога имала само 14 години. Наредните неколку години многу се нервирала заради тоа и постојано ја бојадисувала косата, сѐ додека еден ден не кажала дека е доста и заклучила дека нејзините седи влакна ја прават посебна.
14. Немате контрола над мочниот меур. Во секоја доба од денот можете да одите во тоалет. Можеби на некои тоа им звучи смешно, но личностите кои го имаат истиот проблем знаат која мака е тоа.
15. Не се мачите многу околу косата. Бидејќи ако вашите пријателки не знаат дека косата најдобро изгледа кога наутро ќе станете од креветот, тогаш навистина не ви е јасно како поминува нивниот живот.
16. Ви пречат гласните звуци. Без разлика дали е музика или разговор на луѓе во близина, вам тоа ви пречи. Најдобро ви е кога нема никаква бука и затоа ги молите вашите пријателки да ги задржат сите глупости во себе.
17. Во текот на работните денови заспивате околу 22 часот. Искрено, понекогаш си легнувате и порано. И не ви е срам заради тоа.
18. Сѐ ве заморува. Ве исцрпува одењето од собата до фрижидерот, одењето до најблиската продавница во вас буди желба што побрзо да легнете во кревет и искрено, попрво би ползеле отколку да одите до поштенското сандаче.
19. Одите во кино во недела во 2 часот попладне. Затоа што не сте мамурни, па можете да отидете.
20. За вас сѐ е прескапо. Навистина, за што ви се потребни толку многу пари?
21. На вашите мачки им е потребно друштво. Постои причина заради која сте ги посвоиле, зар не?
22. Ги враќате сите купени продукти. Ќе купите нешто, а потоа сфаќате дека сте останале без денар во џебот и дека треба да ги вратите продуктите назад.
23. Секогаш добивате кеса со остатоците за кучето. И заради тоа сте вистинска баба.
24. Вашиот кармин секогаш е по малку размачкан. Ако веќе изгледате како да сте во целосен хаос, тогаш тој хаос нека има и малку шминка на себе, се согласувате?
25. Се сончате од својата 16-та година. И вашата кожа е поцврста од вашата кожна јакна.
26. Пушите цигари од својата 13-та година. И не се сеќавате кога последен пат не сте кашлале како закоренет пушач.
27. Алергични сте на социјални мрежи. Не сте се вклучиле на Фејсбук откога вашата пријателка ви направила профил пред 5 години.
28. Не се сложувате добро со никого кој е помлад од 60 години. Затоа што тие не ве разбираат!
29. Ќе излезете облечени во тренерка и беспрекорно нашминкани. Можеби се облекувате како спортист, но вашата шминка е секогаш совршена.
30. Секогаш мирисате на цвеќе. И никој не може да ви одолее заради тоа.
31. Не се плашите од општествените последици кои може да ги предизвикаат вашите дела. Постојат два вида на луѓе на овој свет кои воопшто не се грижат што прават, а тоа се бабите и вие.