Размислете добро за овие нешта пред да одлучите да се одмаздите

Размислете добро за овие нешта пред да одлучите да се одмаздите

Одмаздата се сервира ладна, велат мислителите. Тоа значи дека треба да бидете многу талентирано злопамтило и да чекате доволно долго за да се појави прилика во која ќе ја фатите личноста на која сакате да ѝ се одмаздите. Или пак да ја планирате таа прилика. Но, добро размислете за приодот во животот каде моментално се наоѓате, како и колкави се шансите на личноста која ве повредила и на која сакате да ѝ се одмаздите мило за драго, да ѝ оди сè мазно и подмачкано. Од друга страна пак, доколку вие не ѝ вратите, дали некој друг можеби би го направил тоа? На пример, кармата? Во реалниот живот, има многу прилики и тоа токму онаму каде што не очекувате. Дали навистина е потребна вашата интервенција за да ја забрзате кармата? Освен тоа, одмаздата е лоша карма, а тоа секако не ви треба!

1-raboti-za-koi-treba-dobro-da-razmislite-pred-da-se-odluchite-da-se-odmazdite

Размислете добро за следниве нешта пред конечно да одлучите дали сакате по секоја цена да се одмаздите или не…

1. Чувство на вина

Ако некој ве повредил, тогаш вие сигурно нема да чувствувате вина поради тоа. Знаете дека тоа е негова или нејзина одговорност, но слободно можете да претпоставите дека тој или таа барем малку се грижи за направеното. Или малку повеќе. Сигурни сме дека нема да сакате да се впуштите во некоја радикална акција на одмазда, па потоа вие да се чувствувате виновни. Нема да се чувствувате добро понатаму, дури иако на таа личност, во моментот на бес, разочарување и чувствителност ѝ посакувате се најлошо. Чувајте ги своите емоции и својата стабилност.

2. Задоволство поради давањето

Тоа приземно чувство дека некому сте му дале сè, а тој или таа ви возвраќа со нож во грбот и затоа заслужил/а да се најде во истата позиција, ќе ве напушти после некое време, откако ќе се „оладите“. Бесот не е добар советник. Тој ве тера да заборавите колку добро се чувствувате поради својата способност за давање. Ако таа во некого ги предизвикала неговите најголеми слабости и го навела да ја злоупотреби вашата доверба, да ве издаде и повреди, тоа е работа на неговиот капацитет за давање. И ваша лекција, секако. Не ви е потребен некој кој не ја возвраќа благодарноста и давањето, или пак доколку ви е потребен, тогаш тоа е ваша работа, да давате сè од себе, а воопшто да не се запрашате зошто и за кој.

2-raboti-za-koi-treba-dobro-da-razmislite-pred-da-se-odluchite-da-se-odmazdite

3. Животот не е фер, но кармата е

Не е ваше да судите, пресудувате и да одредувате некому казна. Можеби со лошото искуство сте отплатиле некоја лоша карма што досега сте ја влечеле со себе. Можеби личноста која ве повредила само што се задолжила, а отплатата е сигурна како двете најсигурни работи во космосот – смртта и данокот. Гледано од аголот на нашето его, од центарот на нашиот свет, животот не е фер. Но од друга страна пак, кармата е секогаш фер, единствено нешто што не ја интересира е времето и местото, па не можете да ја воочите нејзината делотворност.

4. Одмаздата нема да помогне, но опростувањето може

Око за око, односно единицата за одмазда како резултат има само насилство. Додека, за разлика од тоа, опростувањето резултира со мир и љубов. Некои луѓе решаваат да се одмаздат по секоја цена, па дури и да ја „продадат душата на ѓаволот“ ако е потребно за да се смират. Вистината е дека одмаздата носи само моментално чувство на победа, но не и мир. За мир е потребно малку повеќе време и напор, бидејќи опростувањето е процес. Еднакво како што треба да ѝ опростите на личноста која ве повредила, така треба да си простите и себеси што сте избрале некој кој ќе ве повреди, да го отпуштите целиот механизам кој довел до тоа за да бидете повредени. Но, кога конечно ќе успеете во тоа ќе се радувате, ќе се развиете, ќе го збогатите вашиот внатрешен живот, ќе ги зајакнете своите добри страни и многу подобро ќе се разбирате себеси и останатите. Само разбирањето носи мир, а тоа е поврзано со опростувањето. Понекогаш може да простите нешто што воопшто не го сфаќате. Така се учите на скромност. Не мора да разбирате нечии мотиви, ниту законите на кармата, доволно е само да сакате да си олесните, да го оставите она што ве мачи и да продолжете понатаму. А, доколку вашата желба за разбирање останала незадоволена, тоа ќе дојде во некој момент, кога ќе бидете позрели, поискусни, спремни да сфатите нечии мотиви, колку неприфатливи и да се.

3-raboti-za-koi-treba-dobro-da-razmislite-pred-da-se-odluchite-da-se-odmazdite


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар