Разладете го пеколно загреаниот автомобил без клима и за само 10-тина секунди

Разладете го пеколно загреаниот автомобил без клима и за само 10-тина секунди

Нема понепријатно чувство од седнување во автомобил што бил изложен на пеколното летно сонце. Додајте го на ова фактот и дека може да е опасно за здравјето, па станува уште поголем проблем. Затоа и мора да чекате додека тој малку не се разлади бидејќи и да сакате, физички е невозможно да седите внатре во него. Но, не грижете се! Постои еден интересен 10-секунден трик кој ќе ви помогне брзо да го исфрлите топлиот воздух од него и веднаш да можете да го користите автомобилот.

Сè што треба да направите е да го отворите прозорецот на совозачката страна и да почнете да ја отворате-затворате вратата од возачката страна. На овој начин можете брзо да ја спуштите температурата во возилото и за 10-тина степени, правејќи го поподносливо за употреба.

Од друга страна пак, за да се заштитите од загреан волан едноставно оставајте го свртен наопаку кога ќе паркирате или ставете некаков памучен материјал на него и на менувачот, со цел да можете да возите без никаков проблем од жештината. Истото важи и за седиштата, особено ако се кожни.

Погледнете го и следново видео за подетални информации и никогаш не заборавајте дека кога возите не смеете да имате никакви дистракции за ваша безбедност, но и безбедност на оние околу вас. Топлиот волан или менувач може да ви попречи во оваа цел, исто како и затоплениот воздух во текот на летните месеци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар