Разберете го подобро вашето куче препознавајќи ги овие знаци
Разбирањето на говорот на телото на вашето куче е од суштинско значење доколку сакате да изградите силен и доверлив однос со вашиот пријател на четири нозе. Погледнете ги овие 16 илустрации кои ќе ви помогнат да разберете што сака да ви каже вашето домашно милениче со цел подобро да можете да комуницирате со него.
1. Мавта со опашката
Ако кучето полека мавта со опашката, тоа не разбира што се случува и ве прашува што сакате да направи. Доколку пак мавта побрзо, тоа значи дека признава дека е под ваша контрола.
2. Опашката е подигната и малку мавта со неа
Го предизвикува вашиот авторитет, бидејќи смета дека тоа е одговорно во ситуацијата.
3. Опашката е свиткана помеѓу нозете
Тоа е знак дека кучето се плаши од болка или пак, се чувствува непријатно. Доколку не постојат очигледни причини зошто вашето куче се однесува вака, подобро е да го однесете на ветеринар.
4. Очите му се широко отворени
Ова значи дека вашето милениче се обидува да ви го придобие вниманието. Тој ве предизвикува и очекува да му одговорите на тоа.
5. Замижува и трепка
Ова значи дека е подготвен за игра. Но, доколку го прави ова премногу често, може да биде индикатор за одредена болка, па однесете го на ветеринар.
6. Ушите му се исправени или наклонети напред
Со ова кучето покажува дека е љубопитно и дека реагира на секој нов настан во неговата околина.
7. Ушите му се спуштени надолу
Тоа е знак дека кучето е исплашено. Понекогаш вашето милениче може да го има спуштено само едното уво, а поголем дел од времето е левото. Тоа е начин на кој кучињата реагираат на непознати луѓе или пак, на луѓе од кои се плашат.
8. Се проѕева
Оваа постапка значи дека кучето е нервозно. Ова вообичаено го прават малите кученца коишто се опкружени со големи, непознати кучиња. Но, доколку вашето милениче се проѕева откако вие ќе го направите тоа, тоа значи дека тој е многу поврзан со вас.
Продолжете на следната страница за останатите знаци…