Расте во гроздови, го спречува дејството на лековите: 10 работи што не сте ги знаеле за „забранетото овошје“
Грејпфрутот може да има дијаметар до 15 сантиметри и да тежи до 1,5 килограми, а во Барбадос го нарекуваат и едно од седумте чуда.
Можете да направите брз десерт од грејпфрут со само неколку состојки. Измешајте 2 лажици шеќер и 3 лажици бел рум и варете додека количината не се намали на 2 лажици. Потоа, прелијте ги парчињата грејпфрут, оставете ги 10 минути и послужете со шлаг, морско оревче и јагоди.
Во продолжение прочитајте 10 интересни факти за ова необично агрумово овошје.
1. Грејпфрутот настанал како природен хибрид на Барбадос, поради што е еден од симболите на островот, каде што е познат и како „забрането овошје“. Исто така, се нарекува едно од седумте чуда на Барбадос.
2. Грејфрутот го добил своето име од англискиот збор за грозје (grape) затоа што расте во гроздови исто како грозјето.
3. Џејмс Мекфадиен во 1837 година погрешно го опишал грејпфрутот како „мутација на помело“, за подоцна да се потврди дека станува збор за хибрид од портокал и помело.
4. Ова цитрусно овошје не било популарно поради горчливо-киселиот вкус и затоа првично се користело само како украс, особено поради убавите лисја.
5. Грејпфрутот содржи соединенија што можат да влијаат на апсорпцијата на лековите. Тие или го подобруваат дејството на лекот или го намалуваат. Ова особено се однесува на лековите за висок крвен притисок, срцева аритмија, алергии и лекови против анксиозност и нервоза.
6. Големиот грејпфрут може да има дијаметар до 15 центиметри и да тежи до 1,5 килограми. Месото е поделено на 8-11 парчиња, а вкусот варира од сладок до кисел и горчлив.
7. Сокот од грејпфрут и мрсната, пржена храна е идеална комбинација. Активните состојки на грејпфрутот ја намалуваат апсорпцијата на мрснотиите, па затоа нема да се здебелите.
8. На едно дрво грејпфрут може да има до 680 килограми од ова овошје.
9. Дури 92% од грејпфрутот е вода, што е меѓу највисоките проценти во споредба со другите овошја.
10. Само половина грејпфрут содржи повеќе од половина од препорачаната дневна доза на витамин Ц, па затоа е добро да го јадете секојдневно.
Прочитајте како да ги искористите лековитите својства на босилекот.