Рани знаци на Алцхајмерова болест се забележуваат и во 20-тата година

Рани знаци на Алцхајмерова болест се забележуваат и во 20-тата година

Изгледа дека Алцхајмеровата болест повеќе не е закана само за старците. Едно ново истражување покажало дека протеинот амилоид, кој е одговорен за оваа застрашувачка болест, започнува да се насобира во невроните на мозокот и кај луѓе кои имаат само 20 години.

Рани знаци на Алцхајмерова болест се забележуваат и во 20-тата година

Научниците веруваат дека ова е прв пат да се забележат вакви промени во мозокот на младите. Во студијата, главниот истражувач Чангајз Геула и неговиот тим кои се специјалисти во областа на Алцхајмеровата болест, ги анализирале мозоците на 13 помлади „нормални“ луѓе на возраст од 20 до 66 години, 16 постари кои не патат од деменција на возраст помеѓу 70 и 99 години, како и на 21 личност со Алцхајмерова болест, на возраст од 60 до 95 години.

„Она што навистина нè изненади беше возраста“, вели Геула. „Кај младите возрасни, ние веќе можевме да видиме насобирање на амилоиди. Ова станува загрижувачко кога протеинот почнува да расте и да се развива. Разликата помеѓу старите и младите во оваа студија е фактот што и покрај тоа што има присуство на овој протеин кај сите, грутките кои тој ги формира се зголемуваат со текот на годините, како и кај оние кои страдаат од болеста.“

Ова истражување ни покажува дека невроните се подложни на насобирање амилоиди на многу рана возраст, но грутките се појавуваат понатаму. Но, и покрај насобирањето, доколку не сте подложни на формирање грутки, тогаш вашата ситуација не мора да значи дека ќе се влоши. Па, што точно значи ова за вас?

Најпрво, во оваа студија немало многу испитаници, па нема доволно голема бројка за да се донесе сигурен заклучок. Од друга страна, само затоа што младите имаат амилоиди во својот мозок, не значи дека сите од нив ќе заболат од Алцхајмерова болест. Тоа не е аларм. Но, постојат фактори кои ја зголемуваат подложноста (за кои науката знае многу) и фактори кои можат да ви помогнат да се заштитите (за кои науката и не знае баш толку многу). Она што е сигурно е дека најефективната терапија се спроведува доколку се започне порано со примена. Токму затоа, без разлика на вашата возраст, почнете уште денес и заштитете се себеси и вашиот мозок со помош на овие техники:

1. Отфрлете ги лошите навики веднаш

„Знаеме дека обичното когнитивно стареење како и стареењето со Алцхајмерова болест може да биде забрзано од многу нешта, но најважно од сè, од општото здравје“, вели Геула. „Всушност, многу здравствени фактори, како дијабетесот, срцевите болести и прекумерната телесна тежина може да го зголемат вашиот ризик од развивање на болеста.“

2. Исчистете ја вашата исхрана

Здравата исхрана, како Медитеранската диета (која е преполна со јаткасти плодови, зеленчуци, овошја, живина и маслиново масло) е поврзана со подобра когнитивна функција и помал ризик од Алцхајмерова болест.

3. Вежбајте

Вежбањето покажало зголемување на когнитивните способности кај сите, вклучувајќи ги и оние кои се постари, па дури и оние кои веќе страдаат од болеста.

„Неколку студии на животни ни покажуваат дека количината на насобраните амилоиди може да биде намалена преку засилената физичка активност и богатата средина“, вели Геула.

И не само што вежбањето може да помогне при одржување на Алцхајмеровата болест и деменцијата, туку некои истражувања покажуваат и дека можат да ја насочат кон спротивната насока. Кога луѓето со благо когнитивно ограничување оделе на подвижна лента 30 минути дневно, 4 дена во неделата во период од 12 недели, нивната когнитивна функција покажала значително подобрување при решавање на истите задачи.

4. Тренирајте го мозокот

Менталното вежбање, односно одржувањето на вашиот ум активен и под предизвик исто така може да помогне. Истражувањата ни покажуваат дека луѓето кои играат карти, решаваат крстозбори и секојдневно се предизвикуваат себеси ментално, имаат најмал ризик од развивање на оваа болест.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар