Претходно
Рајско прибежиште во срцето на Алпите
Хотелот Камбријан во Аделбоден на Швајцарските Алпи е место за коешто секој сонува додека е заглавен во работни обврски и стрес. Супермодерниот и луксузен хотел од сите страни е опкружен со живописните планински предели. Каде и да се свртите ќе ги забележите прекрасните Алпски падини покриени со снег или со зеленило и по некое бајковито швајцарско село.Хотелот има 71 соба, 24 апартмани и сè друго што може да се најде во еден врвен хотел. Негов најинтересен дел веројатно е базенот-тераса од каде што може да се ужива во восхитувачка глетка за време на опуштањето во водата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.