Рај за очи: Погледнете ги сите познати ѕвезди кои биле прогласени за најсекси мажи од 1990 до 2017 година
Секоја година уште од 1985, списанието Пипл ја доделува престижната титула за „најсекси маж во светот“. Но, изгледот не е пресуден при изборот. Душата на мажот треба да биде исто толку убава колку и неговиот надворешен изглед. Предност имаат мажите кои донираат во хуманитарни цели, се залагаат за некои социјални цели и глумеле во филмови што постигнале успех. Сигурно не би ви пречело да побегнете некаде далеку со повеќето од овие популарни легенди!
Но, изборот за 2017 година предизвика многу прашалници. На почетокот од ноември, Пипл го прогласи кантри пејачот Блејк Шелтон за „најсекси маж“. Многумина не се согласија со изборот, не само поради необичниот изглед, туку и поради многуте негови расистички и хомофобични твитови.
„Бев грд целиот мој живот. Ако можам да бидам секси барем една година, ќе го прифатам тоа“, изјавил Шелтон.
Без разлика дали се согласувате со овогодишниот избор, погледнете кои мажи биле прогласени за најсекси според насловните страници на списанието Пипл од 1990 година, па сѐ до 2017…
1990, Том Круз
1991, Патрик Свејзи
1992, Ник Нолти
1995, Бред Пит
1996, Дензел Вашингтон
1997, Џорџ Клуни
1998, Харисон Форд
1999, Ричард Гир
Продолжете на следната страница за останатите најсекси мажи…