Работи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечер
Никој не сака да го одбива друштвото кога станува збор за излегување. Иако целиот ден ви бил многу напорен и сте планирале да го прегрнете креветот веднаш штом стигнете дома, вашите пријатели ви се јавуваат и ве убедуваат да излезете со нив на коктели или да отидете во најновиот отворен бар. Како би можеле да одбиете таква покана?!
Од страв да не пропуштите нешто, вашиот инстинктивен одговор е „Доаѓам!“. Но, уште следниот ден се каете поради вашата непромислена одлука. Колку и да сакате да се социјализирате, понекогаш најдобро е да си останете дома. Ова се работите поради коишто немаше да жалите денес доколку не излезевте вчера…
1. Длабоката тага што ја чувствувате кога алармот ќе почне пишти во 7 наутро.
2. Болката на очите поради закоравената стара шминка.
3. Новиот пар чевли што некако успеавте да го уништите по само една вечер.
4. Погледот полн со омраза што ви го дава вашето куче поради тоа што сте го згазнале случајно кога сте упаднале низ влезната врата минатата вечер.
5. Бесконечниот молк на вашите родители, партнери или цимери што најверојатно сте го заслужиле иако немате поим каде сте згрешиле.
6. Ждерењето на остатоците од ручекот во 3 часот наутро.
7. Пасивно-агресивните пораки на мајка ви поради тоа што не сте ја известиле дека безбедно сте стигнале дома.
8. Пукнатиот екран на вашиот телефон што сега ќе треба да го менувате по 5-ти пат.
9. Закоравеното, неизмиено тавче кое останало во лавабото цела вечер откако очигледно сте одлучиле дека мора да си испржите јајца кога сте дошле дома.
10. Доколку и денес сте на работа, не можете а да не го забележите интензивниот прекорен поглед на вашиот шеф додека влегувате во канцеларијата и изгледате како да ве прегазил воз.
11. Убиствената главоболка која некако успева да ве убеди дека пиењето по 3 аспирина на секои 6 часа е добра идеја.
12. Смрдеата од вашите неизмиени пазуви, бидејќи бевте премногу уморни за да истуширате наутро.
13. Игнорирањето на вашиот најдобар пријател поради тоа што сте му го скршиле телефонот додека сте се обидувале да го искористите за да им се јавите на вашите поранешни партнери од пред 3 години.
14. Паниката додека брзате да ја тргнете ознаката од сите засрамувачките фотографии што сте ги објавиле минатата вечер на Фејсбук.
15. Сите миризби околу вас што ги чувствувате како директен напад на вашите ноздри.
16. Часот по вежбање што најверојатно сега ќе го прескокнете по трети пат оваа недела.
17. Новите модрици на вашата рака со непознато потекло.
18. Опсесивното проверување на телефонот на секои 2 минути за да видите дали сте добиле порака од слатката девојка или дечко на коишто сте им го дале бројот вчеравечер.
19. Константната дехидратација што ниту една количина на вода не може да ја реши.
20. Болната неизвесност што ја чувствувате додека ја проверувате вашата сметка во банка.
21. Тресењето и вибрирањето на вашите мускули од сиот тој кофеин што сте го внеле за да го преживеете денот.
По бурната ноќ, прочитајте како да се ослободите од утринскиот мамурлак.