Работи кои само најдобрите пријатели би ви ги простиле
Веќе со години сте најдобри пријатели и заедно сте минале низ сито и решето. Многу добро се познавате и може да комуницирате дури и без зборови. Сите правиме грешки, но вакви нешта само најдобрите пријатели простуваат и после години истите стануваат добри приказни за раскажување.
Купување на исто парче облека
Доколку вашата колешка од работа се појави со ист фустан како вашиот тоа навистина би ве изнервирало, но случајот не е ист со вашата најдобра пријателка. Напротив, тоа дури може да биде и олеснителна околност бидејќи, како прво, нема да има потреба да ви го позајми вашиот фустан па да не ви го врати со месеци, и второ, може сосем случајно и без договор да го облечете за една иста пригода и заедно да изгледате како чудаци (што навистина ќе ве забавува во текот на вечерта). Шала на страна, одбирањето исто парче облека може дури и да значи дека навистина сте сродни души, и иако можеби на почеток ќе ви пречи, никогаш нема да ѝ се налутите и ќе најдете начин од тоа да направите забава.
Кажување остра критика
Како најдобра пријателка треба да биде искрена со вас за ваше добро. Тоа значи дека ќе ви каже кога облеката не ви одговара, кога не треба да купите одредено парче облека, кога она што сте го напишале треба да се поправи или кога она што сте го направиле не е најдоброто од вас. Во принцип егото на човекот е големо и никој не сака да му биде посочено дека направил грешка, но најдобрите пријатели имаат пропусница за критика. Најважно до сè, ја кажуваат од срце и за доброто на пријателот.
Уништување на серија/филм/книга
О, не, само што ви го кажа крајот на филмот! Ова не е на добро. Но, бидејќи станува збор за најдобар пријател, простувате… и му го кажувате крајот на книгата што ја чита. Или можеби е толку возбудена за новата серија што ви кажува дури и повеќе отколку што треба бидејќи не сте почнале да ја гледате. Малку фучите со носот но ви минува за миг.
Кажување лоши нешта за вашите омилени работи/личности
Само најдобриот пријател може да каже негативна критика за нештото/личноста што го/ја сакате без да добие лавина аргументи и убиствен поглед. Секако, најчесто станува збор за провокација од која ќе излезе добра шега.
Заборавањето да се честита роденден на ФБ
Сè додека не заборави да ви купи поклон и да ви честита во живо, во ред е. Всушност, на најдобриот пријател не му треба ФБ потсетник дека имате роденден и може воопшто да не се осврне кон социјалните мрежи за честитка.
Будење во глуво доба од ноќта
Само најдобриот пријател може да ви ѕвони во 4 наутро во пијана состојба или за да ве извести дека завршил со читање на најдобрата книга која некогаш му дошла во раце а вие да не го испратите на едно посебно место. Најверојатно дури и ќе се впуштите во разговор.
Игнорирањето на пораките кои ги праќате
Доколку навистина има важна работа знае дека ќе може да ви објасни подоцна зошто била недостапна. Тоа е така бидејќи знае дека од вас ќе биде разбрана.
Барањето на чудна услуга
Може да биде одење некаде, извршување чуден телефонски повик, купување нешто што не ви е јасно како би го употребила. Она што за познаниците е барање голема или чудна услуга, за најдобрите пријатели е задача која ја извршуваат со задоволство и знаат дека секогаш може да побараат нешто за возврат.
Имањето ставови кои се тотално различни од вашите
Најдобрата пријателка може да има сосем различни ставови од вас за некои работи, може да членува во организација која се коси со вашите верувања и интереси, и иако да беше некој друг никогаш не би му проститле, со пријателот едноставно одлучувате да не зборувате повеќе за тоа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.