Работи кои не ни ги кажуваат (а би требало) – Водич за живот

Водич за живот: Работи кои не ни ги кажуваат (а би требало)

Автор: Златко Ѓорѓијоски

Животот е убав, ако знаете да го живеете. Бидејќи никој не се раѓа учен и навикнат на овој свет, треба сè да научиме во процесот. Меѓутоа, животот не е класично училиште каде што треба да научите за да го положите тестот. Најчесто е обратно и затоа постои изреката: Само животот прво ти го дава тестот, па после знаењето. Еве неколку работи кои вреди да се знаат.

1-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

1) Парите се коренот на секое зло, но ако ги немате, општеството ќе ве презира. Колку помалку имате, толку помалку луѓето мислат на вас. Добредојдовте на Земјата!

2-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

2) Љубовта е како јаболка на пазар – колку и да пребирате, нема да најдете јаболко без ниедна дамка на него. Никој не е перфектен, па ни вие!

3-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

3) Секој од нас е само еден мал дел од бесконечниот број организми на безбројте планети во рамките на бесконечниот број галаксии, и сето тоа убаво запакувано во бескрајната вселена. И вие сè уште ќе запознавате и среќавате луѓе кои мислат дека се „важни“. Тие се познати како „жени“ и „мажи“. Можеби ќе сакате да ги избегнувате.

4-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

4) Скоро секој на овој свет гледа телевизија и милиони луѓе се вклучени во телевизиската продукција. Но сè уште не постои емисија која точно го отсликува реалниот живот. Сериите кои ги гледате ја разнишуваат и менуваат вашата перцепција за реалноста и ја прикажуваат на погрешен начин. Животот не е филм, но вие сте неговиот режисер!

5-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

5) Високите луѓе сакаат да бидат само со високи луѓе. Затоа, ако сте испаднале пониски, не мачете се да гледате нагоре.

6-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

6) Ако сте убави, луѓето ќе ве гледаат со огорченост затоа што секој ќе ви љубомори на тоа што ви го дала природата, a воедно и ќе мислат дека не сте баш најинтелигентни. Нема да добивате сочувство зашто секој верува дека убавите и атрактивни луѓе имаат перфектен живот. Ова би можело да резултира со горка осаменост.

7-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

7) Ако сте грди, тоа ќе им претставува еден вид утеха и ќе им се допаѓате. Како и да е, никој нема да ве сака зашто изгледате полошо од нив самите. Резултат: горка осаменост.

8-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

8) Мнозинството луѓе се речиси социопати кои би ве прегазиле за подобро паркинг место. И сигурно нема да се двоумат да ја искористат секоја можност подмолно да ве осудат дури и за минијатурната грешка која сте ја направиле несакајќи. Уште една причина да не грешите. Никогаш.

9-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

9) Раното легнување во кревет и раното станување ве прават член на работничката класа. Богатите луѓе си поспиваат до подоцна.

10-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

10) Сите знаат да кажат еден куп одлични совети и ќе ја искористат дури и најмалата шанса да ви „посолат малку памет“. Исто така сите кажуваат и куп гомненици, па можеби вие ќе сакате да го прескокнете нивниот совет.

11-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

11) Ако зборувате премногу, ќе ве исмејуваат. Ако не зборувате доволно, ќе ве исмејуваат. Ако се смеете прегласно, ќе ве исмејуваат. Ако никогаш не се смеете, ќе ве исмејуваат. Ако цело време сте насмеани, ќе ве исмејуваат. Ако сте културни, ќе ве исмејуваат. Ако сте безобразни, ќе ве мразат, ама барем нема да ве исмејуваат.

12-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

12) Огромна е разлика помеѓу размислувањето за нешто и реализирање на она што сте мислеле да го направите. Бидете одговорни и постапувајте соодветно!

13-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

13) За да ве сметаат за „успешни“ треба да постојано да ги задоволувате, па дури и да ги надминувате очекувањата на сите кои ве опкружуваат, притоа цело време бележејќи резултати по нагорна линија сè додека не умрете. За да бидете „неуспешни“, треба да го правите токму спротивното (НИШТО). Погодете што е поинтересно…

14-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

14) Нè има повеќе од 7 милијарди на светов, и поради тоа, всушност не сте ниту уникатни ниту и посебни (но секако им се допаѓате на луѓето). Но ако навистина сакате да бидете посебни, ќе мора да најдете начин.

15-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

15) Единствената полоша работа од расипани заби, искршени коски, цироза и емфизем е староста. По ѓаволите…

16-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

16) Ако рамномерно го разделиме богатството низ светот, сите ќе добиеме по неколку илјади евра. Но НИЕ имаме повеќе од тоа зашто луѓето во Африка добиваат околу 5 центи. Меѓутоа, не чувствувајте грижа на совест. Живеат предалеку за да се сретнеме со нив.

17-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk

17) Ако не ви се допаѓа куќата, можете да ја поправите или да купите нова. Ако не ви се допаѓа градот во кој живеете, можете да се преселите во друг. Дури и ако не ви се допаѓа државата во која живеете, можете да емигрирате во друга. Но ако не ви се допаѓа планетата, немате среќа… Само таа ни е!

18-raboti-koi-ne-ni-gi-kazhuvaat-a-bi-trebalo-vodich-za-zhivot-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар