Работи кои можете да ги исчистите во машината за перење облека - Part 2

Работи кои можете да ги исчистите во машината за перење облека

9. Силиконски кујнски помагала

(9)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Лесно можете да ги исчистите вашите силиконски помагала и ракавици во пералната. Прво отстранете ги остатоците од храна, а потоа исперете ги со топла вода со алишта.

10. Мали играчки

(10)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Сè што ви е потребно е корпа за алишта за да ги исчистите играчките на вашите деца. Наместо да ги чистите во кадата, искористете ја машината за перење алишта. Перете со жешка вода, а на овој начин е безбедно да ја чистите и секоја водоотпорна играчка.

11. Бејзбол капи

(11)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Ако ги носите летно време, овие капи може навистина да се извалкаат. Исперете ја вашата капа со студена вода, и исушете ја на воздух. Немојте да ја ставате во сушилница бидејќи може да се смали.

12. Ранци

(12)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Ако веќе стигнале до средно, ранците на вашите деца може да бидат навистина валкани. Но, ќе ги направите како нови и тоа само со машината за алишта. Пред да го исперете, отстранете ги сите работи од ранецот. Исушете го на воздух.

13. Простирки за јога

(13)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Сè додека на простирка не пишува дека не е за во машина, можете слободно да ја перете (без детергенти).

14. Секакви торби

(14)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Торби за купување, чанти, торби за на плажа… сите можете да ги исчистите во машината за алишта. Но, сепак прочитајте ги инструкциите и исперете ги само ако дозволува материјалот.

15. Спортска опрема

Germany v Algeria: Round of 16 - 2014 FIFA World Cup Brazil

Можете лесно да ја исперете вашата спортска опрема во машина. Користете малку детергент за неа.

16. Кревети за миленичиња

(16)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Креветчето на вашето милениче може многу брзо да се извалка. Ако има навлака, извадете ја и исперете ја во машината за алишта како што ја перете и вашата постелнина.

17. Ремчиња за миленици

(17)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mk

Ако вашето куче често си игра надвор, сигурно ремчето постојано му се валка. Секогаш кога ќе забележите дека е валкано, ставете го во машината со другата облека.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар