Претходно
Работи кои мора да ги направите барем еднаш во животот
Датум: 18 јун 2012
Во секој посериозен разговор со вашите блиски се случува некој да каже „никогаш не знаеш што ќе ти донесе животот утре“. Но, оваа изјава всушност и нема многу мистериозно значење. Позади неа се крие очигледен одговор кој најчесто се наоѓа во темата на која сте разговарале непосредно пред изјавата. Секако вие можете целосно да ја промените „секојдневноста“ кај луѓето околу вас и да им покажете дека навистина не може да се знае што им подготвува животот со помош на овие неколку интересни и необични предизвици:
- Влезете возбудени во продавница и прашајте која година е. Кога ќе ви одговорат, викнете на цел глас: „УСПЕА“ и истрчајте надвор пресреќни…
- Купете папагал и научете го да кажува: „Помош! Ме претворија во папагал.“
- Направете пудинг од ванила и ставете го во тегла од мајонез. Отидете во парк, седнете на некоја клупа и почнете да јадете.
- Најмете двајца приватни детективи (или ангажирајте ги двајцата најдобри пријатели). Натерајте ги да се следат измеѓу себе.
- Секогаш кога треба да одговарате на табла, носете со вас неколку креди (маркери) во боја. Доколку сте теле за прашањето, нацртајте голема шарена врата на таблата и почнете да гледате замислено во неа.
- Влезете во преполн лифт и кога ќе тргне застанете пред сите и кажете: „Се кладам дека се прашувате зошто ве собрав денес сите тука.“
- Ако сте доктор, сменете си го презимето во Акула. Обидете се да се потпишете.
- Одете на џогирање, пуштете ја гласно песната „Еye of the Tiger“ и трчајте како на забавена снимка и почнете да ги повикувате сите околу вас да ви се придружат.
- Направете „јадица“ со конец и врв од закачалка. Почнете да „ловите“ цреши од вашата тераса (без разлика дали се наоѓаат на дрвото покрај вашата зграда или на терасата кај комшиите под вас…)
- Ако сте професор, направете тест во кој сите одговори ќе бидат под В. Внимателно набљудувајте ги промените на лицата кај студентите…
- Во моментот пред некој да кивне гласно викнете: „ПИКА ПИКААААА…“
- Составете чудни и интересни имиња со скриено значење додека сте на аеродром (Мисеоди Домаведнаш) и пријавете ги вашите „пријатели“ од странство како исчезнати. Натерајте ги да ги прочитаат имињата на разглас со инструкции како да ве пронајдат. Доколку сте на странски аеродром, можете да се инспирирате и од овие незаборавни примери. Уживајте во шоуто.
- Поканете некој во вашата канцеларија. Кога ќе влезе завртете се со столот велејќи „Ве очекував“ со сериозен тон на гласот.
- Влезете во преполн автобус и почнете без прекин на цел глас да ја пеете насловната мелодија од филмот „Бетмен.“
- Научете ја Морзеовата азбука и разговарајте со пријателите во јавност преку звуците „Бииип, Бип, Бип, Бииип, Бип…“
- Започнувајте ја секоја реченица со „У ла лааа…“
- Додека се возите во лифт отворете ја вашата ташна/ранец/актовка и прашајте загрижено „Имаш ли доволно воздух таму?“
- На автобуска станица одеднаш викнете: „Го слушнавте ли тоа?“ Кога ќе ве прашаат: „Кое?“, одговорете им: „Ништо, помина.“ Повторете го прашањето и одговорот неколку пати по ред, исто како да не сте прашале ниеднаш.
- Застанете наеднаш во центарот на градот и зачудено погледнете нагоре. Стојте така сè додека некој не ве праша што се случува, потоа чудно погледнете го и продолжете со одење…
- Закажувајте состаноци на 32-от ден од месеците со 31 ден или на 31-от ден од месеците со 30 дена. Не прифаќајте „не“ како одговор за терминот.
- Во лифт правете звуци од тркачка кола секој пат кога некој ќе влезе/излезе.
- Нацртајте X со натпис „закопано богатство“ на некоја мапа, одете на кафе кај најдобриот пријател и „заборавете“ ја кај него… Скријте се некаде во близина на означеното место и фотографирајте го додека копа.
- Облечете костим кој е карактеристичен за некој од претходните векови. Излезете надвор и одете збунето на улица. Прашувајте ги луѓето околу вас зошто се толку чудно облечени…
- Одете во парк, закачете конец на банкнота и почекајте некој да ја забележи. Кога ќе посегне по неа – повлечете ја неколку сантиметри накај вас. Повторувајте го тоа сè додека не сфати дека станува збор за шега.
- Секогаш кога ќе ви свират или викаат за време на најголемиот сообраќај, обраќајте им се со изреката „Не лути се човече“ проследено со широка насмевка на вашето лице.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ова само во Америка проаѓа!! 🙂
Застанете наеднаш во центарот на градот и зачудено погледнете нагоре. Стојте така сè додека некој не ве праша што се случува, потоа чудно погледнете го и продолжете со одење… хахахаха ова го имам направено!
Неможевте да крадете уште малце од други страни, нели ?
zapocnetego sekoj razgovor si ulala done..
Влезете во преполн автобус и почнете без прекин на цел глас да ја пеете насловната мелодија од филмот „Бетмен.“ — Challenge Accepted!!! 🙂
Читајќи ги овие статии сфаќам дека во Македонија очајно фалат луѓе кои што знаат да пишуваат добри статии 🙂
Нацртајте X со натпис „закопано богатство“ на некоја мапа, одете на кафе кај најдобриот пријател и „заборавете“ ја кај него… Скријте се некаде во близина на означеното место и фотографирајте го додека копа.
АААААААаааааааааа ова со теглата мора да се испроба :Р
Ако некому му е целта во животот да изигрува будала, слободно нека ги следи препораките на “авторот”…
Da, ova se raboti sto treba da gi napravite do 14tata godina od zivotot.