Работа за мрзливи луѓе
Некои сакаат кариера, а на други им е важно само да заработат пари. На лесен или на тежок начин, целта на секој кој работи е да заработи. Еве некои идеи за работа, ако сте од оние кои се по малку мрзливи:
.
Сообраќаен полицаец
Сообраќајните полицајци доаѓаат по потреба и тоа за определена цел – да воспостават ред во сообраќајот, логично. Повремено ќе свирнат на свирчето, ќе покажат сообраќаен знак на возачите и тоа е сè.
.
Познат блогер
Ова е можеби најмрзливата работа што може некој да ја има. Сè што ви треба за да станете познат блогер и притоа, да заработувате е: да имате компјутер, да имате определено поле на интерес за поголема маса луѓе и да имате желба тоа да го споделувате на блог со другите. Ако сте навистина добри во тоа и блогот ви е кликан и читан од многумина, некои компании ќе сакаат да се рекламираат кај вас и така би можеле да дојдете до заработувачка. Можеби не е честа реалност кај нас, но дефинитивно е една од 10-те најкул работни позиции во светот.
.
Библиотекар/ка
Опкружени со многу книги и луѓе кои имаат желба да учат и читаат, сè што вие како библиотекар треба да правите е да им дадете книга на читателите, да ги прибележите во тефтер и да ги предупредите кога доцнат. Лесно, зар не?
.
Бебиситер/ка
Под поимот бебиситер/ка во никој случај не се подразбираат дадилки или негувателки – на тие луѓе сигурно не им е лесно да се справат со деца од најразлична возраст. Тука спаѓаат оние кои ќе се согласат да чуваат деца на пријатели, роднини за неколку часа, додека родителите се излезени на вечера или во кино. Родителите сакаат нивните деца да си легнат порано, па така откако ќе ги успиете (а тоа е неколку минути по вашето доаѓање во куќата) вам не ви преостанува ништо друго освен да се закачите на интернет или да гледате телевизија.
.
„Копачка на злато“
Верувале или не, не е лесна работа да се „кисне“ по салони за убавина, да се скусува од обилните вечери, да се внимава на беспрекорната шминка и фризура… Кој инаку би „паднал“ на копачка на злато со целулит и несреден изглед!? Затоа, оваа работа е за почит како и секоја друга. Бара многу време и труд, како и жртвување (слушање на здодевни приказни од двојно постари „рудници со злато“), но се исплати откако пленот ќе биде фатен. Потоа следува легнување рано навечер, станување доцна наутро и уживање во денот по своја агенда. А кога ќе дојде време за развод, копачката ќе излезе „позлатена“, а рудникот ископан.
.
Тајни купувачи
Замислете си да седите дома и да чекате да ве повикаат за бесплатно користење на некои услуги или производи, нешто во што секако би уживале, дури и кога би го правеле со трошење на сопствените пари. Сè што треба да направите по „напорниот“ шопинг или „тестирање“ на услугата или гостопримството и љубезноста, е да пополните неколку формулари кои ќе ги испратите преку имејл. Вашата работа всушност би се сведувала на давање фидбек за работењето на фирмите што ќе им помогне во подобрувањето на нивните производи и услуги. Но вам, дефинитивно ќе ви го направи животот полесен.
.
Контролор на видео игри
Замислете си да играте видео игри и да ве плаќаат за тоа. Тоа е сон на секој гејмер. Гласините велат дека оваа работа ја работат неколку „мрзливци“ кои изнашле многу добар начин задоволството да го претворат во пари. Уште една мрзлива, но кул работа.
.
Донатор на сперма/плазма/крв
Може е лесна, но многу одговорна и почитувана работа. Во странство, луѓето кои донираат прават своевидна кариера од донирање органи, сперма или крв.
.
Спасувач на плажа/базен
Сонце, песок, плажа, убави луѓе, бронзен тен. Сето тоа го правите на големо столче, повремено свиркате со свирче за предупредување, будно набљудувате во базенот или морето и ги потсетувате децата да не одат во длабокото. За некои, една од причините зошто оваа професија е посакувана е заради серијата „Baywatch“.
.
Контролор на пиво
Колку и да звучи неверојатно, во светот постојат неколку среќници кои ја работат оваа работа – и тоа по цел ден. За љубителите на пивото, ова е дефинитвно работно место на кое секое утро со задоволство ќе доаѓаат со огромна насмевка на лицето.
Ако знаете некој кој нуди работа како овие 10 погоре, споделете во коментар. Сигурно многумина чекаат да дознаат за прилика која ќе им овозможи лесна работа, а добра заработувачка.