Работа од соништата во Шведска: 2.000 евра месечно за речиси ништо
Речиси секој сонува за совршената работа – да правите нешто што ви причинува задоволство, а коешто ви носи доволно заработка за да живеете среќно. Дали мислите дека тоа е невозможен сон? Изгледа дека не е. Сега секој има добра шанса да ја добие оваа одлична работа.
Во 2017-та година, шведските артисти Џејкоб Голдин и Сајмон Сенеби создале необичен експеримент наречен „Eternal Employment“ (Вечно вработување). Тие најмуваат личност за целиот живот, а оваа личност не треба да прави ништо.
Најважното што треба да го направи „вработениот“ е секој ден, во одредено време, да дојде на железничката станица Корсваген. Оваа станица ќе биде отворена во Гетеборг во 2026-та година. Вработениот ќе може да прави што било за време на работниот ден, а во описот на работното место нема никакви должности или обврски. Договорот е за полно работно време, на неопределено време, има добра плата и гарантирано унапредување секоја година. Исто така се вклучени слободни денови, одмор и пензија.
Доживотната плата ќе се исплаќа од посебен фонд кој го направиле самите уметници. Засега во фондот има околу 650.000 евра, а сумата ќе продолжи да се зголемува. Целта на овој проект е да се направи жива легенда која ја илустрира поврзаноста помеѓу секојдневниот живот на личноста и неопипливите трансакции на глобалната економија. Можете да аплицирате за работното место на 15-ти декември, 2025-та година.
Би сакале да работите нешто вакво?
Погледнете ги и професиите од соништата за кои сигурно не сте знаеле дека постојат.