Работа од соништата: Луксузен ресорт на Малдиви вработува продавач на книги
Смирувачки и релаксирачки звук на океанските бранови, дрвја кои изгледаат како да го допираат небото и природна убавина далеку од бучниот градски живот – ако овие нешта ви звучат како идеалното место за читање, тогаш имаме нешто многу важно да споделиме со вас.
На прв поглед, може да не ви се верува дека вакво место навистина постои во светот, а уште помалку дека би имале можност да заработувате живеејќи таму. Но, огласот за работа како книжар во рамките на ресортот со 5 ѕвезди Сонева Фуши е реален.
Работата, којашто бара кандидатот да се обврзе на 3-месечен договор, вклучува и задачи како организирање креативни работилници за пишување за гостите на ресортот, забавување на децата со читање приказни и пишување блог постови од сопствено искуство. Сега звучи уште поневеројатно, нели?
Вилите во ресортот чинат и до 26.000 долари од ден, но замислете, ако ја добиете работата, ќе можете да уживате во овие убавини без пари.
Ресторот често е посетен од страна на членовите на британското кралско семејство и од популарните холивудски ѕвезди. Тоа е уште еден повод за да посакате да аплицирате за работната позиција.
Во книжарницата ќе бидат достапни разновидни книги, од познати локални приказни, приказни за морскиот живот, па сѐ до литературни класици кои се интересни за богатите гости.
Човекот кој го овозможил сето ова е Филип Блеквел, кој потекнува од големо книжарско семејство со над 250 книжарници поставени во рамките на ресорти, бродови за крстарење и центри за забава. На оваа идеја тој дошол додека бил на одмор и самиот почувствувал дека изборот на книги за читање е многу слаб. И навистина, секој може да понесе книга-две од својата лична библиотека или пак, дури целата своја дигитална архива на својот уред. Но, чувството да стоите пред полиците и да избирате од раните едиции на светските класици е неспоредливо.
Погледнете ги овие интересни факти што можеби не ги знаевте за Малдиви.