Пуштете се по 10-те најстрашни луди железници во светот
8. Делфин Гром
Tokyo Dome City, Токио, Јапонија
Во споредба со останатите луди железници на оваа листа, Делфинот Гром е прилично питома кога станува збор за брзината, висината и забрзувањето. Но, тоа не значи дека нема уникатен трик скриен во своите „ракави“. Пругата на оваа луда железница поминува низ првото големо тркало без центар во светот како и покрај зграда.
9. Формула Роса
Ferrari World, Абу Даби, Обединети Арапски Емирати
Формула Роса моментално е најбрзата луда железница во светот која достигнува неверојатни 240 километри на час за помалку од 5 секунди. Брзината на Формула Роса е толку голема што оние најхрабрите кои одлучуваат да седат во првите редови мора да носат очила за заштита на нивните очи од потенцијална штета која може да настане доколку на овие брзини се судрат со летечки инсект.
10. Иџинајка
Fuji-Q Highland, Фуџијошида, Јаманаши, Јапонија
Како втор член на оваа листа од истиот забавен парк, оваа луда железница има неверојатен пресврт, буквално. Иџинајка исто така е позната и како ролеркостер од „4-та димензија“, што значи дека таа не се состои само од застрашувачки падови, превртувања и кривини, туку и седиштата на оние кои се возат можат да бидат ротирани за 360 степени. Дали лудите железници можат да станат полуди од ова?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.