Пуштете се по 10-те најстрашни луди железници во светот - Part 2

Пуштете се по 10-те најстрашни луди железници во светот

4. Кингда Ка

Six Flags Great Adventure, Њу Џерси, Америка

За многумина, Кингда Ка ќе биде „таткото“ на најстрашните луди железници, бидејќи до овој ден како највисоката во светот, ги искачува авантуристите до неверојатни 140 метри кон небото. За жал, Кингда Ка поминала низ неколку механички проблеми во текот на годините. Во 2005 година имало проблеми со моторот за лансирање, а во 2009 година била удрена од гром кој ѝ предизвикал штета.

5. Застрашувачот 305

Kings Dominion, Вирџинија, Америка

Новодојденецот во светот на застрашувачките луди железници, Застрашувачот 305 ја доби наградата „Златен билет“ за најдобар нов ролеркостер во 2010 година. Со иновативниот нов „двоен ‘рбет“ на пругата, оваа луда железница има голем број брзи вртења и превртувања за да ги задоволи и исплаши и најхрабрите љубители на адреналин.

6. Додонпа

Fuji-Q Highland, Фуџијошида, Јаманаши, Јапонија

Оваа луда железница го срушила рекордот за најбрзо забрзување и токму затоа е една од најзастрашувачките во светот. Збунети од „погрешен старт“ оние кои се возат, неочекувано се лансирани на пругата, со брзина која достигнува 172 километри на час за само 1,8 секунди.

7. Супермен: Бегство од Криптон

Six Flags Magic Mountain, Калифорнија, Америка

Сѐ до 2011 година, оваа луда железница била позната како Супермен: Бегството, но по воведувањето на вагоните кои се движат наназад и по бојадисувањето со нова боја, се роди сосема нов суперзастрашувачки херој. Со брзина до 160 километри на час и со висини кои достигнуваат и до 125 метри, оваа луда железница нема да ве остави рамнодушни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар