Пушењето цигари може да ја промени вашата ДНК!

Пушењето цигари може да ја промени вашата ДНК!

Една нова студија неодамна утврдила дека последиците од пушењето цигари се многу поголеми отколку само надворешната штета што ја гледаме и зголемената шанса за заболување од рак. Порано се верувало дека штетата е ограничена само на некои аспекти, особено на кожата и телесните органи, но потоа се покажало дека пушењето го зголемува ризикот од рак за 15 до 30 пати, а исто така ја менува и вашата ДНК! Иако голем број пушачи ги знаат ризиците од оваа нездрава навика, тие сепак не размислуваат за никакви промени, затоа што сметаат дека нивната зависност е премногу силна.

Пушењето цигари може да ја промени вашата ДНК!

За жал, науката уште еднаш потврдува дека опасните последици од пушењето цигари се многу поголеми отколку што тоа е прикажано на нивната кутија, односно, тие имаат и генетско влијание. Поголемиот дел од штетата предизвикана од отровите во цигарите ќе исчезне по 5 години откако ќе се откажете, но нешто сепак ќе остане засекогаш, при што ќе се зголемат шансите за добивање бројни болести поврзани со пушењето, иако веќе сте ја исфрлиле оваа навика. Овие трајни оштетени делови се создадени од метилацијата, што е процес на менување на ДНК со деактивирање на гените или менување на начинот на кој тие функционираат во телото. Па, кога вашите гени се принудени на метилација, тоа остава трајни оштетувања. Ова значи дека кога пушите, вашата ДНК се менува како последица од токсините што ги содржат цигарите.

Студијата вклучувала примероци од крв на 16.000 луѓе родени по 1971 година. Идентификуваните пушачи во оваа група имале метилација базирана на тутунот која влијаела на 7.000 гени во нивното тело, што е една третина од сите познати човечки гени. И болестите на срцето и многу видови рак исто така може да бидат поврзани со гените на кои им влијае пушењето, што значи дека истражувачите биле во можност да ги поврзат овие ужасни болести со директниот виновник: цигарите.

Пушењето цигари може да ја промени вашата ДНК!

Додека овие вести се застрашувачки за пушачите или оние кои пушеле во минатото, добрата вест е дека откако ќе се откажете, поголем дел од штетата најверојатно ќе исчезне. Според експертите, откако ќе се откажете од пушењето, поголемиот дел од ДНК сигналите на ментилација по 5 години ќе се вратат на нивото на коешто биле кога не сте пушеле, што значи дека вашето тело ќе се обидува да се излечи од штетните влијанија на тутунот.

Но, сепак, не потпирајте се премногу на добрите вести. Имено, постои еден мал дел од генетскиот состав кој останува оштетен подолг период откако ќе се откажете од пушењето, а тука спаѓаат и гените кои се директно поврзани со развивање лимфом. Тоа може да се задржи и до 30 години по откажувањето во вашите клетки, зголемувајќи го ризикот за рак.

Па, треба да знаете дека пушењето не е само непријатна навика, туку и смртоносна. Значи, пред да ја запалите наредната цигара, размислете за она што го правите на вашето тело. Не само денес, туку и во иднина, па обезбедете си здрав и долг живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар