Психотест за справување со грижите: Дознајте како ве гледаат другите
Начинот на кој луѓето во околината ве перципираат честопати се разликува од она што навистина сте. Ако сакате да откриете каков впечаток оставате врз другите луѓе и што се крие зад вашата „фасада“, решете го овој тест.
Замислете ја следнава ситуација: саксијата со цвеќе што ја чувавте на оградата паѓа долу. Трчате по скалите за да ја процените штетата. Што гледате?
1. Растението лежи на земја, во недопрената саксија.
2. Саксијата се скршила, но растението го преживеало падот.
3. И саксијата и растението се целосно уништени.
4. На некој необјаснив начин, и растението и саксијата исчезнале без трага.
Тајниот живот на растението одговара на скриената, добро заштитена страна на вашата личност. Во продолжение прочитајте што открива одговорот што го избравте.
1. Ниту растението, ниту саксијата не се уништени – вие постапувате одлучно и сигурно и секогаш останувате ладнокрвни при неволја. Но, под таа цврста фасада се крие личност која повеќе се грижи да ја одржува таквата претстава за себе, отколку тие особини вистински да ги оствари во животот.
2. Саксијата се скршила, но растението го преживеало падот – на другите им изгледате сталожено и мирно, но вистината е дека не сакате да покажете што чувствувате. Овие потиснати чувства растат во вас од ден на ден и ниту една „саксија“ не може вечно да ги задржи во себе.
3. И саксијата и растението се целосно уништени – изгледате смирено и повлечено, но тој роден набљудувач во вас едноставно копнее за можност да заблеска и да се најде во центарот на вниманието. Вие само чекате шанса да ја пробиете школката во која сами сте се скриле.
4. Саксијата и растението необјасниво исчезнаа– ви оди од рака да го забавувате друштвото и да ги засмејувате сите околу вас, па затоа ве сметаат за незаменливи на забавите, но и надвор од нив. Но, под таа надворешност се крие вашето сериозно, дури и срамежливо лице што не сакате да им го покажете на другите.