Психотерапевт создава брутално искрени „книги“ за самопомош инспирирани од неговите пациенти

Психотерапевт создава брутално искрени „книги“ за самопомош инспирирани од неговите пациенти

Според неодамнешното истражување, само во САД пазарот за работа на себе вреди 9 милијарди евра. И покрај ова, многу терапевти сметаат дека книгите за самопомош се бескорисни. Грег Вилијамс смета дека промената е тешка, подобрувањето не е еднакво, потребни се многу чекори и многу време. Книгите за самопомош не ни кажуваат ништо слично. Но, Јохан Декман има нешто подобро. Јохан го истражува човечкото однесување, а истовремено ги запишува своите наоди како наслови на измислени книги за самопомош. Користејќи книги од антикварница како платно, овој психотерапевт ги трансформира кориците во смешни шеги. Неговите пораки навистина ги носат читателите на емоционално патување.

„Уметноста е добра платформа за психолошка интеракција или свесност. Според мене, јас завршувам само половина од работата, другата половина е во вашата глава.“

Јохан објаснува дека неговата работа има големо влијание на неговата уметност. Не само што му служи ако инспирација, туку му е и потсетник за личната одговорност.

„Среќавам многу луѓе кои страдаат од околности коишто ги создале самите, но не преземаат ништо. Мислам дека е трагикомично што во нашата фрустрација лежи оваа неверојатна можност. Хуморот е навистина добар придружник кога ќе се земе предвид човечката состојба. Мислам дека благодарноста, ценењето што сте овде и малку иронија се клучот за среќен живот.“

„Како веднаш да постигнете успех со намалување на вашите стандарди“

Психотерапевт создава брутално искрени „книги“ за самопомош инспирирани од неговите пациенти

„Како да се разбудите секое утро и да потрошите вредно време градејќи нечиј туѓ сон“

Психотерапевт создава брутално искрени „книги“ за самопомош инспирирани од неговите пациенти

„Како да го поминете животот со погрешни личности бидејќи ви е страв да бидете сами“

„Јас на социјалните мрежи“, „Јас“

Психотерапевт создава брутално искрени „книги“ за самопомош инспирирани од неговите пациенти

„Како да го користите третманот со молчење во улична тепачка“

Психотерапевт создава брутално искрени „книги“ за самопомош инспирирани од неговите пациенти

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар