Психолозите тврдат дека боењето е најдобрата алтернатива на медитацијата

Психолозите тврдат дека боењето е најдобрата алтернатива на медитацијата

Боењето често се смета за хоби во кое уживаат само најмалите. Но, што ако ви кажеме дека тоа има позитивно влијание и врз возрасните? Со помош на неколку нови студии, психолозите откриле дека боењето го намалува стресот и им помага на индивидуите да го отклучат нивниот внатрешен потенцијал така што ги потсетува на детските сеќавања, кога нештата биле многу поедноставни. И да, боењето дури се споредува и со медитацијата.

Психолозите тврдат дека боењето е најдобрата алтернатива на медитацијата

Постои долга историја на поврзаност помеѓу ментално несигурните личности и боењето. Карл Јунг, познат психолог, го користел боењето како техника со чија помош неговите клиенти се фокусирале и добивале контрола врз својата потсвест. Барем на одредено време. Психологот Антони Мартинез исто така објаснува дека сите ние можеме да го користиме овој третман со боење за да влеземе во покреативна состојба. Практиката во тивка атмосфера со амбиентална музика може да им помогне на боите да ви повикаат прекрасни мисли.

Па, дали боењето навистина помага при намалување на стресот? Според техниките на Јунг, боењето во кружни форми и соодветни геометриски фигури може да активира различни области во мозокот. Техниката се состои од логика, како и од креативност. Боењето геометриски форми вклучува логика, додека мешањето бои кои одговараат вклучува креативност. Токму оваа комбинација од логика и креативност ги активира областите во церебралниот кортекс и овозможува опуштеност која ја намалува активноста во амигдалата, односно во оној дел од мозокот кој ги контролира емоциите.

На кратко, ние успеваме да го намалиме нашиот стрес само затоа што сме фокусирани на одредена активност која е всушност забавна за правење. Ние едноставно се фокусираме само на неа и на ништо друго. Од друга страна пак, таа нè потсетува и на оние денови од нашиот живот кога воопшто не сме ни знаеле што е стрес – на детството. Според оваа студија, во најпродаваните 20 книги на Амазон се наоѓаат 6 боенки за возрасни. Тоа е знак дека оваа техника со боење навистина работи. Додека работеле на своето истражување, психолозите ги читале и коментарите под овие боенки со цел да откријат какво искуство имале луѓето кои ги купиле. Еден од корисниците напишал:

„Боењето е најдобриот начин да се ослободите од стрес. Тоа исто така ги држи настрана и медикаментите!“

Друг корисник дал подетално објаснување:

„Како дете обожавав да бојам, но никогаш не мислев дека ќе се чувствувам на истиот начин и кога ќе пораснам. Откако го пробав тоа, не бев воопшто разочаран. По само неколку минути боење, бев толку опуштен и освежен што можев да се соочам со сè што ќе ми наиде.“

Некои доктори исто така го понудиле своето размислување на оваа тема. Еден од нив напишал:

„Почнав да поставувам боенки за возрасни и боички во чекалната на мојата болница со цел пациентите и нивното семејство да можат да ги користат за да се опуштат малку.“

Луѓето чувствуваат дека боењето им помага при намалувањето на стресот до тој степен што дури и престануваат со земање лекови за смирување. Па, дали и вие се чувствувате како да поминувате низ тежок период? Слободно земете неколку боички и почнете да боите. Време е одново да го пронајдете детето во вас и да им дозволите на боите да го подобрат вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар