Психолозите откриваат: Зошто незнаењето нѐ излудува?

Психолозите откриваат: Зошто незнаењето нѐ излудува?

Кога се соочуваме со несигурни резултати и веројатни сценарија, самиот факт дека нешто лошо може да се случи може многу да нѐ вознемири. За таа намена истражувачите собрале една група од 45 испитаници кои доброволно се согласиле да играат компјутерска игра во која треба да пребаруваат под кој камен живее змија. Во оној момент кога се појавувале змиите, тие добивале благ електричен шок на дланките.

Психолозите откриваат: Зошто незнаењето нѐ излудува?

Со самиот тек на играта, испитаниците станале подобри во погодувањето и предвидувањето кои камења кријат змии, но играта била дизајнирана постојано да ги променува шансите за успех за да се задржи нивото на несигурност. Во позадина, истражувачите со помош на еден софистициран компјутерски модел за учење ја мереле количината на несигурност на испитаниците кога требало да изберат еден камен. Истовремено, го мереле и нивото на стрес кај секој испитаник поединечно, според проширувањето на зениците и перспирацијата.

Резултатите покажале дека нивото на несигурност било право пропорционално со нивото на стрес. Ако некој од испитаниците се почувствувал сигурен дека ќе пронајде змија, нивното ниво на стрес било значително пониско откога сметале дека можеби под тој камен живее змија или не. Во двата случаи испитаниците добиле електричен шок, но нивото на стрес било значително повисоко кога постоела несигурност.

„Користејќи го нашиот модел можеме да претпоставиме под колкав стрес се наоѓаат нашите субјекти не само кога добиваат електрични шокови, туку и колку биле несигурни за тие електрични шокови. Нашиот експеримент ни дозволува да носиме заклучоци за ефектот на несигурноста врз стресот. Излегува дека е многу полошо да не знаете дека ќе добиете електричен шок отколку да знаете дека дефинитивно ќе добиете или не“, вели главниот истражувач Арчи де Беркер од институтот за неврологија при Универзитетот во Калифорнија.

Луѓето еволуирале за да реагираат на одреден начин на несигурноста за одлични и очигледни причини дека она што се крие зад каменот, грмушката или на дрвото може да нѐ повреди, убие или изеде. Нашите мозоци се адаптивно програмирани да реагираат вака уште од многу одамна во историјата на нашите предци. Само затоа што живееме во технолошки напредно општество не значи дека нашите мозоци реагираат поразлично, туку реагираат на различни можности – некои физички, а некои перцептивни.

Овие перцептивни несигурности се полоши бидејќи колку подолго мислиме на нив толку повеќе можат да се трансформираат во најразлични форми во нашите глави. Светот има свои чудовишта и во тоа нема сомнеж, но ние создаваме многу повеќе со нашиот безграничен простор во имагинацијата. И ова е многу блиско со стравот, фобиите, анксиозноста, зависноста, авторитарното лидерство и слично – сите поврзани во мозокот и неговата бескрајна потрага по сигурноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар