Психолошки трик кој ќе ви помогне побрзо и полесно да донесете одлука
Преку низа истражувања психолозите сфатиле точно што треба да направите доколку сте во недоумица и не можете да откриете што точно треба да направите. Ако им верувате на овие студии, тогаш последната личност која треба да ја прашате за совет кога треба да донесете некаква одлука сте вие.
Луѓето завршуваат одлична работа кога треба да донесат одлуки кои се поврзани со туѓите проблеми, а тоа се случува поради фактот дека размислуваат со ладни глави и не се субјективни како што е случајот кога размислуваат за себе. Токму затоа, ако треба да донесете важна одлука, прво испитајте ги сите аспекти, но од перспектива на некоја друга личност.
Истражувачот Игор Гросмен од Универзитетот Ватерло со својот тим дошле до овој заклучок на следниот начин. Тие испитувале 100 луѓе кои биле во долги врски така што ги поделиле на две групи. Во едната група поставиле задача да замислат дека го изневериле својот партнер, а во другата група поставиле задача да замислат дека нивниот пријател го изневерил својот партнер. Откако им ја поставиле оваа задача од нив било побарано мислење – што тие или нивниот пријател би требало да направат по ова неверство.
Како и што се очекувало, оние кои го разгледувале случајот со пријателот донеле помудри одлуки во однос на оние кои размислувале за себе. Токму затоа по овој експеримент тие спровеле уште еден. На нови 100 испитаника им кажале да замислат ситуација во која и тие и нивниот пријател го изневериле својот долгогодишен партнер и потоа ги прашале што би направиле потоа. Дел од испитаниците требале да одговорот од перспектива на виновникот, а другиот дел од перспектива на трета личност.
Истражувачите повторно биле во право. Оние кои се поставиле во позиција на трета личност подобро расудувале и ја набљудувале ситуацијата од различни перспективи, притоа замислувајќи повеќе можни исходи.
Од сите овие тестирање можеме слободно да заклучиме дека кога треба да донесеме одлука, најдобро е да го замислиме нашиот пријател во таа ситуација, па од негова перспектива добро да го анализираме целиот настан и на тој начин да откриеме што би го советувале ние него. Големи се шансите дека овој совет ќе биде најдобриот којшто би можеле да си го дадете самите на себе.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.