Психолошки тест: Откријте ги своите несвесни механизми и скриени страни на личноста - Part 2

Психолошки тест: Откријте ги своите несвесни механизми и скриени страни на личноста

(2) Психолошки тест: Откријте ги своите несвесни механизми и скриени страни на личноста

Најмногу одговори под „А“

За вас, најголемиот животен предизвик се крие во другите луѓе и во односите со нив. Ве поттикнува голема страст, импулс што се заснова на допир, хедонизам, уживање. Без оглед на тоа колку делувате силно (психолошки или физички) најчесто не можете без другите. Тежнеете кон екстреми, им дозволувате на другите да ве усреќат, но исто така и да ве разочараат и да ве повредат. За вас искуствата немаат важно влијание, а и склони сте кон повторување на истите грешки во нови или слични ситуации, како и со нови личности. Понекогаш одите на самиот раб помеѓу радоста и тагата, среќата и несреќата… Тоа што многумина не го знаат е дека сте многу послаби одошто се претставувате, па понекогаш не можете да се „соберете“ во покритични моменти и потребна ви е туѓа помош.

Најмногу одговори под „Б“

Вие имате нагласена потреба за истражување на светот околу себе, но најпрво поради задоволување на сопствените пориви. Кога ги остварувате своите цели, и ги задоволувате своите широки апетити, тогаш и другите околу вас можат да бидат задоволни. Уживањето, радоста и среќата ја делите со другите, но за возврат очекувате некое посебно задоволство, признание или награда. Многу сте упорни во своите намери и скоро секогаш наоѓате начин или оправдување за остварување на своите цели. Доколку сте разочарани, тажни или повредени, барате начин брзо да компензирате за загубеното и да ја потиснете својата слабост. Искуството на вас ви делува многу поучно, но понекогаш поради скриени слабости знаете да попуштите пред новите предизвици. Во суштина сте посилни одошто сте преставувате и од тоа што другите го мислат, но сепак ви се потребни силни луѓе за да ве „задржат“ во критичните моменти.

Најмногу одговори под „В“

Вие знаете да привлечете внимание и да оставите впечаток, дури и на прв поглед или низ необичен стил на однесување и оригиналност. Ве привлекуваат несекојдневни ситуации, екстремности, а понекогаш сакате и да ги прескокнете правилата или да ги надминете поставените граници. Несвесно се водите по принципот: „Ако вам ви е добро, добро им е и на другите, а ако вам ви е лошо – на другите им е уште полошо.“ Поседувате огромна енергија, но не е лесно да ја контролирате таа сила што осцилира. Позитивниот импулс ви создава многу можности за радост, уживање и среќа, а вашиот внатрешен импулс за промена е поголем од потребата да застанете. Кога сте разочарани, тажни или повредени, ќе направите сѐ што е потребно за да се ослободите од тие емоции.

Најмногу одговори под „Г“

Кај вас е нагласена голема фантазија и емотивност, но токму таа длабока чувствителност е истовремено и вашата најголема и вашата најслаба страна. Доколку својата енергија ја насочувате кон афирмација и задоволство, ако ве прати хармоничен однос со другите, вие претставувате бескраен извор на радост. Но ако доживувате разочарување, болка и патење, се оттргнувате од  другите и станувате склони кон самоказнување. Без оглед на тоа колку делувате зависно од другите, вие длабоко во себе тежнеете кон целосен развој на личноста и задоволување на своите потреби за совршенство. Во суштина сте посилни одошто се преставувате на околината и од тоа што другите го мислат за вас. Имате одличен инстинкт за самоодржување, можете да предвидите опасност или неволја.

Направете го овој психолошки тест, навистина е забавен! 🙂


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар