Психолошки тест на личноста: Во која од овие 9 категории спаѓате вие?

Психолошки тест на личноста: Во која од овие 9 категории спаѓате вие?

Енеаграмот е систем за класификација на личностите. Тестот се користи во психологијата и бизнисот, а многумина го сметаат како многу корисна алатка за подобрување на себеси и за личен развој. Следете ги инструкциите во продолжение и откријте кој вид личност сте вие.

Тест на 9 личности кој совршено ќе го опише вашиот карактер

Што треба да направите?

1. Изберете еден параграф од група 1 и еден од група 2 кој најдобро ги покажува вашиот став и однесување.

2. Треба да се согласувате со целокупната идеја или „филозофија“ на избраниот параграф. Не анализирајте премногу. Потпирајте се и на вашата интуиција.

3. Пронајдете го описот подолу според избраните параграфи. На пример, ако сте го избрале параграфот А од првата група и параграфот 2 од втората група, за да го видите одговорот треба да кликнете на фотографијата означена со А2.

Прва група

А. Преферирате да бидете многу независни и сигурни. Мислите дека животот е најдобар ако секогаш сте подготвени. Вие си поставувате цели, понекогаш правите компромиси, но никогаш не чекате да ви се случи нешто добро, туку вие правите да ви се случат добри работи. Сакате да постигнете нешто големо и да направите разлика. Поголем дел од времето точно знаете што сакате и целите кон тоа. Настојувате да работите напорно.

Б. Вие сте смирени и сакате да бидете сами. Кога станува збор за социјалниот аспект, вие не привлекувате многу внимание и не се обидувате да се наметнете во јавноста. Не се чувствувате удобно кога сте во центарот на вниманието или кога треба да се натпреварувате. Многумина би ве нарекле сонувачи затоа што честопати барате помош од вашата имагинација.

В. Вие сте исклучително одговорна личност и се чувствувате ужасно ако не можете да го одржите кажаниот збор или ако не можете да го направите она што се очекува од вас. Сакате другите да знаат дека секогаш сте тука за нив и дека ќе го направите она што мислите дека е најдобро. Може да бидете жртва за другите, без разлика дали тие се свесни за тоа или не. Обично не се грижите за себе и можете да се опуштите само ако работата е завршена.

Втора група

1. Одржувате позитивен став и верувате дека сѐ што се случува, се случува за некое добро. Вие се возбудувате и секогаш можете да најдете нешто забавно. Сакате да бидете опкружени со луѓе, а помагањето на другите ве прави многу среќни. Дури и кога се чувствувате лошо, се обидувате тоа да не го покажете пред другите. Сепак, одржувањето на ваков позитивен став понекогаш значи и игнорирање на сопствените проблеми.

2. Вие имате силни чувства за нештата, а луѓето лесно може да препознаат кога нешто ве мачи. Обично сте молчеливи, но почувствителни сте отколку што им дозволувате на луѓето да видат. Сакате да знаете кому можете да сметате, а кога сте вознемирени, сакате тие личности да бидат токму до вас. Не сакате другите да ви кажуваат што треба да правите и секогаш сакате да одлучувате самите.

3. Вие преферирате да се контролирате себеси и да размислувате логично, па честопати се чувствувате непријатно кога се соочувате со чувствата. Вие сте перфекционисти и сакате да работите сами. Кога се соочувате со лични конфликти, се обидувате да не ги вклучите и чувствата во нив. Луѓето за вас велат дека сте пријатна личност, но не сакате вашите емоции да ви го одвлекуваат вниманието. Дури и кога другите ве задеваат за нешто, вие се обидувате да не ги покажете вашите чувства.

Тест на 9 личности кој совршено ќе го опише вашиот карактер

Тест на 9 личности кој совршено ќе го опише вашиот карактер

Тест на 9 личности кој совршено ќе го опише вашиот карактер

Тест на 9 личности кој совршено ќе го опише вашиот карактер

Тест на 9 личности кој совршено ќе го опише вашиот карактер

Тест на 9 личности кој совршено ќе го опише вашиот карактер

Тест на 9 личности кој совршено ќе го опише вашиот карактер

Тест на 9 личности кој совршено ќе го опише вашиот карактер

Тест на 9 личности кој совршено ќе го опише вашиот карактер


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар