Психолошки тест: Колку навистина се познавате себеси?

Психолошки тест: Колку навистина се познавате себеси?

Во животот многу нешта можат лесно да ни го одвлечат вниманието. Често се наоѓаме помеѓу оние што сме и оние што сакаме да бидеме. Не е реткост ни тоа дека самите си задаваме нереални цели и достигнувања. Во сите тие желби и очекувања најчесто знаеме да се изгубиме себеси. После некое време забележуваме дека не сме задоволни со животот што го водиме и сфаќаме дека сме длабоко незадоволни. Со цел да го решите проблемот во кој сте се нашле, многу е важно да ги откриете вашите вистински интереси, вредности и ставови. Ова сознание може да ви помогне да станете посреќни и позадоволни.

Во продолжение следува листа со прашања што ќе ви помогне да размислите за себе, за своите секојдневни навики и интереси. Овие прашања ќе ве поттикнат да размислувате во вистинската насока за да се запознаете себеси подобро. И запомнете – не постојат точни и неточни одговори!

  • Ако нешто е забрането, дали го сакате тоа повеќе или помалку?
  • Дали постои област во вашиот живот каде што се чувствувате како да немате контрола?
  • Неочекувано сте добиле целосно слободен ден. Што ќе правите?
  • Колку време го барате тоа нешто што не можете да го најдете?
  • Дали ве мотивира конкуренцијата?
  • Дали ви е полесно да правите работи за другите одошто за себе?
  • Дали постојано работите? Или дали мислите дека треба да работите?
  • Дали лесно ги прифаќате правилата или се бунтувате?
  • Дали добро работите под притисок?
  • Како би требало да изгледа вашиот совршен ден?
  • Колку време гледате во некаков екран (телевизија, компјутер, мобилен…) во текот на неделата?
  • Дали сте утрински или вечерен тип на личност?
  • Што за вас претставува задоволство – заштеда на време или заштеда на пари?
  • Дали сакате да бидете во центарот на вниманието?
  • Дали е вашиот живот ставен „на чекање“ во каква било смисла?
  • Што би правеле да имавте повеќе енергија?
  • Какви типови луѓе и кои активности ви даваат енергија? А кои ви ја црпат?
  • Дали ви е тешко да се ослободите од нештата што повеќе не ви се потребни?
  • Дали лесно се нервирате?
  • Во кое време одите на спиење? Колку часа спиете?
  • Ако на крајот на годината постигнете успех, дали имате уште некоја желба што би ве направила уште посреќна?

И за крај, кои прашања би ги додале на оваа листа за да им помогнете и на другите луѓе подобро да се спознаат себеси? Пишете ни подолу во коментарите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар