Психолошки тест: Колку навистина се познавате?
Клучот за среќниот живот е во степенот колку се познавате самите. Опуштете се, бидете искрени и откријте нешто што досега не сте го знаеле за себе. Во животот многу нешта лесно ни го одвлекуваат вниманието, па токму затоа и често се наоѓаме помеѓу тоа што сме и тоа што сакаме да бидеме. Исто така не е реткост ни да си задаваме нереални цели и достигнувања. Во сите овие желби и очекувања, сите ние најчесто се губиме себеси.
По некое време, ќе забележите дека не сте задоволни со вашиот живот и дека се чувствувате лошо. Со цел да го решите овој проблем, многу е важно да ги откриете оние нешта кои навистина ве интересираат. Треба да ги дознаете вашите вистински вредности и ставови. Овие сознанија ќе ви помогнат да станете посреќни и позадоволни.
Погледнете ја следнава листа со прашања која ќе ви помогне да размислите за себе, за вашите секојдневни навики и интересирања. Не постојат точни и неточни одговори, бидејќи секој човек е уникатен и секој си има свој одговор за себе.
1. Ако е нешто забрането, дали тоа го сакате повеќе или помалку?
2. Дали постои област во вашиот живот во која се чувствувате како да сте „без контрола“?
3. Неочекувано сте добиле целосно слободен ден, што ќе направите?
4. Колку време ќе го барате она што не можете да го најдете?
5. Дали вас ве мотивира конкуренцијата?
6. Дали ви е полесно да завршите работи за другите луѓе, отколку за вас?
7. Дали постојано работите? Или мислите дека би требало да го правите тоа?
8. Дали ги прифаќате лесно правилата или им се покорувате?
9. Дали работите добро под притисок?
10. Како изгледа вашиот совршен ден?
11. Колку време гледате телевизија во текот на неделата (вклучувајќи го и времето поминато на компјутер)?
12. Дали сте утрински или вечерен тип на човек?
13. Што вам ви претставува поголемо задоволство: заштедата на време или заштедата на пари?
14. Дали сакате да бидете во центарот на вниманието?
15. Дали вашиот живот е ставен „на чекање“ во било кој аспект?
16. Што би правеле доколку би имале повеќе енергија?
17. Какви типови луѓе и кои видови активности ви даваат енергија? А кои ве исцрпуваат?
18. Дали ви е тешко да се ослободите од оние нешта кои не ви се потребни?
19. Дали лесно се нервирате?
20. Кога си легнувате да спиете? Колку време спиете?
21. Ако на крајот од годината сте постигнале успех, дали имате некоја желба која вас би ве направила посреќни?
22. И за крај, дали постои некое прашање кое би го додале на оваа листа, со цел да им помогнете на другите подобро да се спознаат?