Психолошки тест: Кое од семејствата претставени на сликите сметате дека е лажно?
Постојат разни видови психолошки тестови што можат да откријат многу работи за вашата потсвест. Следниов тест ќе ви помогне да дознаете нешто повеќе за себе врз основа на вашата проценка и моќ за набљудување. Внимателно погледнете ги трите слики и размислете на која од нив луѓето што се претставени не сочинуваат семејство. Откако ќе одлучите која слика ќе ја одберете прочитајте ги резултатите и дознајте ги тајните на вашиот карактер…
Прва слика
Не сте баш фамилијарен човек и можеби сте пораснале без силна татковска фигура. Како што најверојатно забележавте, таткото делува како да не му е гајле, а мајката го држи подалеку од детето. Сакате да им помагате на другите и се обидувате да внесете позитивни промени во животот на луѓето, но не сте сигурни како треба да изгледа вистинското семејство.
Втора слика
Многу го сакате семејството, свесни сте за неговото значење и тоа секогаш ви е на прво место. Родителите на сликата се повеќе фокусирани на себе, жената носи мини здолниште, а таткото ги игнорира. Верувате во силни и стабилни врски, во среќен брак и во здраво опкружување за сите членови на семејството.
Трета слика
На сликата има среќно и грижливо семејство, односно двајца родители кои го сакаат и се грижат за нивното дете. Ако верувате дека ова семејство е лажно, можно е да имате некакво трауматично психичко нарушување како резултат на животот во нефункционално семејство. Ако некој од вашите родители бил алкохоличар, се дрогирал или имал проблеми со менталното здравје, вашиот ум ја има таа претстава за тоа како треба да изгледа едно семејство и затоа сметате дека ова семејство е лажно.
Доколку ви се допадна овој тест, направете го и следниов невербален психолошки тест кој продира во несвесното.