Психолог открива: Кучињата ги сонуваат луѓето што ги сакаат!

Психолог открива: Кучињата ги сонуваат луѓето што ги сакаат!

Интересно е да се помисли за она што се случува во главата на вашето милениче. Посебно кога се прашуваме што тие сонуваат додека спијат, изгледајќи толку слатко и бесценето. Секако, ние луѓето знаеме што сонуваме – работи од секојдневието во една искривена перспектива. Миленичињата се животни. И ние сме животни. Па според ова можеме да заклучиме дека кучињата минуваат низ истото искуство како нас.

2.psiholog-otkriva-kuchinjata-sonuvaat-za-lugjeto-shto-gi-sakaat

Професорот и клиничкиот еволуционен психолог при медицинското училиште Харвард, д-р Деирде Берет, открива дека постои можност кучињата да сонуваат за своите сопственици. Фасцинирана од соништата уште од малечка, Берет го изучувала човечкото однесување за време на спиењето со години.

„Додека не можеме да бидеме 100% сигурни за тоа што го сонуваат животните, можеме да ги користиме информациите што ни се познати за човекот пренесувајќи ги на кучињата. Како што рековме, сепак и ние сме животни“, објаснува Берет.

Една работа е сигурна, повеќето цицачи имаат ист циклус на спиење како човекот. Ова значи дека тие можат лесно да се движат од длабок сон во помалку мозочно активна состојба и потоа во фаза на „брзо движење на окото“. Последната фаза, позната како РЕМ, е онаа во којашто се случуваат соништата на човекот.

„Најдобра претпоставка е дека и останатите цицачи сонуваат“, изјавила Берет.

Друг интересен факт е дека само две животни досега го имаат споделено својот сон со луѓето. Тоа се распеаните горили Коко и Михаел. Истражувачот Пени Патерсон изјавил дека Коко повремено пее за фантастични настани, луѓе и места на кои не била, веднаш по будењето. А Михаел е познат по неговото искуство со фаќање од страна на ловокрадците, додека неговото семејство било убиено, па понекогаш тој се буди и пее „Лоши луѓе убиваат горили“.

Па, што сонуваат кучињата, врз основа на човечките соништа?

„Луѓето сонуваат за работите кои се заинтересирани од секојдневието, иако не се често логично прикажани“, вели таа. „Нема причина да мислиме дека животните се различни во ова. Бидејќи кучињата се екстремно приврзани за нивните сопственици, големи се шансите кучето да го сонува вашиот лик, миризба или како си игра со вас“.

Го знаете она слатко удирање кое го прават со ногата додека спијат? Бетер потврдува дека тие ги доживуваат соништата како реалност, обидувајќи се да трчаат додека спијат.

„Месечарењето не се појавува, но во фазата на РЕМ придружувана од сон, колку се посилни и побрзи движењата, толку е посигурно дека тие сонуваат.“

Ова води кон следното прашање – Дали постои начин да им овозможиме подобар сон на нашите миленици?

„Најдобриот начин да имаме подобар сон, е да имаме среќно дневно искуство и да спиеме во безбедна и удобна околина“, советува Берет. „Ова со сигурност важи и за милениците“.

Има смисла. Доколку гледате хорор филм пред спиење, секако дека ќе имате кошмари!

Добро е да се знае дека нашите миленици се на иста страна како нас во повеќето случаи. Што мислите, што сонува вашето милениче?

Погледнете ги и најдобрите фотографии со кучиња!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар