Психолог на оригинален начин објаснува како изгледа родителството

Психолог на оригинален начин објаснува како изгледа родителството

Мајката и блогерка, Констанс Хол, споделила прекрасна лекција за мајчинството на своите социјални мрежи – истата онаа што ја добила од еден детски психолог, а која ќе ја цени секој родител. Популарната блогерка и писателка од Австралија, на својата Фејсбук страница објавила фотографија каде што е со своите деца во ресторан.

„Пред неколку недели, еден детски психолог со кого добро се познаваме, ги погледна моите деца и ми рече: ‘Ти си многу добра мајка’“, напишала Констанс покрај фотографијата и додала дека никогаш порано не се чувствувала како добра мајка, бидејќи постојано се борела со хаосот, краткиот фитиљ и ниското трпение кога станува збор за децата.

Но, психологот го гледал нејзиното семејство од сосема поинаков агол.

„Бебињата плачат, тоа е начинот на кој тие комуницираат. Малите дечиња пиштат, постарите дечиња постојано се жалат, а адолесцентите иритираат. Но, знаеш што, Констанс? Тоа е подобро од тишина. Куќата полна со детски врисоци и борбени тинејџери и родители што мора да одговорат на секое прашање и секоја молба, според моето мислење, е здрава куќа. Многу повеќе би ме загрижиле тивките, уплашени деца и тинејџерите кои не се враќаат дома и родителите кои не комуницираат. Не се децата тие што те излудуваат, туку ти веќе си била луда. Затоа ги имаш.“

По оваа изјава, Констанс објаснила дека почнала повторно да мисли дека е добра мајка. Таа својата објава ја завршила така што побарала од сите родители длабоко да воздивнат и да запомнат дека добро ја вршат својата работа.

Размислете повторно за својот живот, но погледнете од малку поинаква перспектива. Нештата веднаш ќе ви се сменат и ќе сфатите дека сте одлични родители! А во меѓувреме, прочитајте ги и овие 7 нешта што ги прават родителите на децата со голема самодоверба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар